Нов хит рецепт на социјалните мрежи - мини палачинки за појадок

Ништо нема да ги замени палачинките за појадок, а деновиве на социјалните мрежи се појави и нова варијанта.

nov-hit-recept-na-socijalnite-mrezhi-zhitarici-od-mali-palachinki-01.jpg

Карантинот ја разбуди креативноста на сите готвачи, па на Instagram и TikTok видовме секакви идеи за готвење.

А, после далгона кафето и млекото со јагоди, сега се појави и нов рецепт кој е одличен за почеток на денот, овојпат со појадок.

За овој појадок треба да направите вообичаена смеса за американски палачинки и наместо големи, направете повеќе мали палачинки, со дијаметар од околу 5-6 сантиметри.

Потребни состојки

  • 1 шолја сенаменско брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2,5 лажички прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 1/4 шолја млеко
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 големо јајце
  • Масло

Начин на подготовка

  • Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Потоа додајте ги млекото, путерот и јајцето, и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  • Смесата ставете ја во готварски шприц, шише или во пластична кеса на која ќе направите мал отвор на едниот крај.
  • На тава загрејте малку масло, па истурајте малку од смесата за да добиете мали палачинки. Истото можете да го направите и со лажица.
  • На крај, ставете ги малите палачинки во длабока чинија и додајте одозгора што сакате – чоколаден прелив, мелени бисквити, овошје, мед, јаворов сируп, јаткасти плодови…

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...

Најчитани неделава