Ако летово не успееме да отидеме – направете си дома грчки локумадес

Покрај уживањето на плажа и мирисот на море, сигурно ви недостасуваат и грчките специјалитети.

ako-letovo-ne-uspeeme-da-otideme-napravete-si-doma-grchki-lokumades-01.jpg

Досега веројатно барем на еден викенд многумина ќе имаа отидено во Грција, но уште не знаеме ни кога ќе можеме да ја посетите во текот на летото.

Па за да не жалите по омилениот грчки десерт, ви нудиме рецепт како сами да си направите грчки локумадес.

Топли, крцкави однадвор и меки одвнатре, со мед и цимет – уживајте во највкусните крофнички.

Потребни состојки

За смеса:

  • 450g брашно
  • 2 лажички сол
  • 2 шолји млака вода
  • 15g сув квасец
  • 4 лажици маслиново масло
  • Маслиново масло за пржење

За сирупот:

  • 200g шеќер
  • 170g мед
  • 120ml вода

Начин на подготовка:

  • Истурете го брашното во голем сад, додадете сол и измешајте го сувиот квасец.
  • Млаката вода полека додавајте ја во брашното, мешајќи со електричен миксер, додека не ја истурите цела вода и смесата стане мека и мазна.
  • Покријте ја смесата со чиста крпа и оставете ја на топло место да отстои 1 час и да стаса. Смесата треба да се поткрене дупло.
  • Ставете дебел слој зејтин во тенџере за пржење, потопете ја лажичката во него откако ќе се загрее за да не ви се лепи смесата.
  • Со лажица земете од смесата и ставете топче во зејтинот. Наполнете го тенџерето со топчиња во еден ред.
  • Локумадесот ќе се наполни и надигне многу брзо. Свртете ги на другата страна и кога ќе добијат златникава боја извадете ги со лажичка и ставете ги на хартија да се цедат.
  • За сирупот, додадете ги сите намнирници во мало тавче и ставете ги на среден оган околу 5 минути.
  • Додека е топол прелијте ги крофните и сервирајте ги топли. Може да додадете и плус мед и да ги наросите со цимет. По желба може да ги потопите и во топено чоколадо.

ako-letovo-ne-uspeeme-da-otideme-napravete-si-doma-grchki-lokumades-02.jpg

ako-letovo-ne-uspeeme-da-otideme-napravete-si-doma-grchki-lokumades-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...

Најчитани неделава