Летен ручек од кој ќе излижете прсти – Ролнички од тиквички и пилешко месо
Ги обожаваме тиквичките – здрави, вкусни и нискокалорични, а може да се употребат во безброј варијации на рецепти.

Овојпат имаме предлог за ручек од кој ќе ги излижете прстите – ролнички од тиквички полнети со пилешко месо, доматен сос и стопен кашкавал врз нив.
Се прави лесно и брзо, а еве како изгледа постапката:
Потребни состојки:
- 500g пилешки гради
- 2 лажици маслиново масло
- 1 сечкан кромид
- 2 чешниња сечкан лук
- 1 лажичка кумин
- 2 лажички црвен пипер
- 1,5 шолји доматен сос
- 4 големи тиквички, излупени и исечкани на тенко, по должина
- 1/3 шолја рендан кашкавал
- Сол и црн бибер, по желба според вкусот
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180°C.
- Во тава за готвење загрејте го маслото. Ставете ги пилешките гради и пржете ги на средна температура додека не се зготват целосно, од прилика околу 6 минути од секоја страна.
- Зачинете со сол и бибер и извадете ги од тавата. Почекајте целосно да се оладат и со помош на 2 виљушки ситно исечкајте ги „на конци“.
- Во истата тава додадете го сечканиот кромид и пржете го околу 3 минути додека не се кристализира. Додадете го лукот и зачините, а на крајот додадете го и сечканото пилешко месо.
- Додадете 1 шолја од доматниот сос и добро измешајте.
- Со помош на ноже за лупење исечкајте тенки ленти од тиквичките.
- Наредете 4-5 лентички, една до друга како на фотографијата, за да се преклопуваат малку.
- Истурете ја преостанатата количина од доматниот сос врз ролничките. На крајот ставете го ренданиот кашкавал.
- Печете во загреана рерна околу 20 минути, додека кашкавалот добро не се стопи и зарумени.


Ставете малку од смесата со пилешко месо и завиткајте во ролничка. Повторете ја постапката со преостанатите ленти од тиквичките, додека не ги потрошите сите и не ги наредите во садот за печење, кој претходно сте го подмачкале со масло за јадење.







(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка
Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...