Топ 3 рецепти со кралицата на есента - тиква

За многумина дојде најубавиот период од годината – свежи утра и ноќи, покриени со ќебе, топол чај и омилените рецепти со кралицата на есента без кои деновите не поминуваат - што прво ќе си зготвите со тиква?

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-1.jpg

Не дозволувајте есенските тмурни денови да ви влијаат на расположението – напротив, направете си ги поубави со топла, удобна атмосфера во домот.

За пријатно, есенско искуство, задолжително е во кујна секогаш да имате свежа тиква, како и уште неколку основни намирници кои ќе ви бидат на дофат за што почесто подготвување вкусни есенски рецепти.

Лепче со вкус на тиква – топло и крцкаво однавор, а меко однатре, кремаста супа од тиква за одржување на имунитет и топлење во студените есенски денови и неодолива пита со дебел слој фил од тиква за насладување во вашето омилено домашно катче под ќебе – дали и вие со нетрпение ја очекувавте есенска за овие вкусни рецепти?

Ако веќе ви „потекоа лиги“ и тргнавте во маркет само со телефон, не грижете се и не заборавајте дека HalkPay ви нуди можност лесно и брзо да платите на каса само преку апликацијата на мобилниот телефон, дури и кога ќе го заборавите паричникот дома.

Има ли нешто подобро од тоа во ова динамично време кога умот не може да ви биде на сите страни и кога е доволно да го имате само мобилниот телефон со вас за извршување на секакви плаќања?

Мобилната апликација HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од Халкбанк АД Скопје. Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација HalkPay од „Google Play Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“. Со преземањето на апликацијата HalkPay корисникот ги дигитализира картичките и може да започне со плаќање со мобилниот уред. Со цел успешно да се изврши плаќањето, корисникот треба својот мобилен уред да го доближи до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање. Како основна картичка избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment). Другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето ја избере конкретната картичка.

Набавете си ги сите потребни состојки, платете со омилената HalkPay апликација на каса и уживајте во овие 3 рецепти оваа есен:

Леб од тиква

Потребни состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 5 шолја брашно
  • ¼ лажица прашок за печиво
  • ¾ лажица сода бикарбона
  • ¾ лажичка сол
  • ½ лажичка мелено каранфилче
  • ½ лажичка мускатно оревче
  • ½ лажичка цимет
  • ½ шолја растително масло
  • ½ шолја вода
  • 1 шолја изгмечена тиква
  • 2 јајца
  • ½ шолја ореви

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 °C. Намрсете го плехот за печење.
  • Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, содата, солта, каранфилчето, циметот и мускатното оревче.
  • Додадете ги останатите состојки и мешајте добро.
  • Тестото ставете го во плехот за печење.
  • Печете 1 час, а потоа извадете да се излади.

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-02.jpgфото: depositphotos.com

Крем супа од тиква

Потребни состојки:

  • 1,2kg тиква
  • 1 исечкан црвен кромид
  • 2 исчистени чешниња лук
  • 750ml зеленчукова или пилешка инстант супа
  • 250ml вода
  • Сол, бибер и друг зачин по желба
  • 125-185ml крем за готвење

Начин на подготовка:

  • Исечете ја тиквата на кришки од 3cm, а потоа излупете ја и исчистете ги семките.
  • Ставете ја тиквата заедно со лукот, кромидот, инстант супата и водата во лонец – течноста да не ја потопи целосно тиквата.
  • Оставете да зоврие, а потоа намалете го оганот и оставете да се крчка на тивко додека тиквата не омекне (отприлика 10 минути).
  • Тргнете го лонецот од оган и истурете ја содржината од него во блендер, па мешајте додека смесата не стане мазна.
  • Зачинете по вкус со сол, бибер, кари и друг зачин по желба и измешајте ја со кремот за готвење (хоплата секогаш се додава на крај откако супата ќе се свари, а не претходно).
  • Ставете ја супата во мали, длабоки садови за сервирање, одозгора може да украсите со малку крем за готвење, семки од тиква и зачини.
  • Послужете со крцкав леб.  

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-03.jpgфото: depositphotos.com

Блага пита со тиква, која не се пече

Потребни состојки:

  • 250g пире од тиква (сварена и изгмечена)
  • 100g пудинг од ванила
  • 60ml млеко
  • 240ml шлаг
  • 10-тина бисквити (или повеќе ако сакате подебело тесто)
  • 4 лажици путер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 лажичка ѓумбир во прав

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте го добро пирето од тиква, пудингот од ванила, млекото и зачините – внимавајте да не се создадат грутки во смесата.
  • Во добро измешаната смеса додадете го шлагот и повторно измешајте.
  • Смесата ставете ја накратко во фрижидер додека го подготвувате тестото.
  • Изблендирајте ги бисквитите и додадете го путерот.
  • Кога ќе добиете цврста смеса, ставете ја во калап за пита и со прстите формирајте ја кората.
  • Врз тестото распоределете ја еднакво смесата со тиква.
  • Украсете со шлаг и наросете додатоци по желба.
  • Питата оставете ја 2-3 часа во фрижидер за филот целосно да се стврдне и да може да се сече.

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-04.jpgфото: depositphotos.com

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти со стар леб: 3 неодоливи оброци за сите гурмани Оние што обожаваат да го потопат парчето леб во сосот што останува од салатата с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg