Храна како низ розови очила - дело на наша Инстаграмџика + 5 розови рецепти

„Quarantine pink food - nothing can bring me down“ е мотото под кое започнала оваа колоритна Инстаграм приказна на Марија од Скопје.

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-001.jpg

Розовата магија од вкусови и состојки се појавува на нејзиниот Инстаграм профил во облик на чоколади, палачинки, тестенини, шејкови...

Време е за мал фото-вовед, пред да ви откриеме 5 рецепти кои може да ги подготвите (и сликнете) уште денес...

View this post on Instagram

A post shared by Марија Марија Марија | Holistic Nutrition (@marijamarijamarija)

View this post on Instagram

A post shared by Марија Марија Марија | Holistic Nutrition (@marijamarijamarija)

Во прво лице, Марија ни откри и раскажа точно што е потребно за да сервирате розова храна:

Чизкејк од јагоди, без печење

Најважно за подготовка на чизкејк е соодветно тавче со дно што се вади. Јас користам со дијаметар 23цм (затворено) и оваа количина одлично функционира.

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-2-4.jpg

Потребни состојки:

Краст - или прекрасната подлога од бисквити

  • 300g мелени бисквити (по вкус)
  • 30g шеќер
  • 10 лажици (150g) стопен путер
  • (по желба) екстракт од ванила

Полнење - или содржината на чизкејкот

  • 200g јагоди (или какво било шумско овошје, што исто така може и да се изостави)
  • 2,5 лажички густин (нишесте)
  • 2,5 лажички желатин
  • 400g крем сирење или маскрапоне
  • 100g шеќер
  • 300g хопла (ладна)
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Топинг - или завршниот слој

  • 200g јагоди (или какво било шумско овошје)
  • 2 лажици густин (нишесте)
  • 30g шеќер во прав
  • Малку вода

Подготовка:

  • Краст - се мешаат мелените бисквити, шеќерот, стопениот путер и ванилата во сад. Се додаваат во тавчето за чизкејк и со права стаклена чаша се натапкуваат, зависно дали сакате да имате краст и од страните или само долу.
  • Полнење - јас јагодите ги блендав. Хоплата се мати долго за да се згусне. Се додава крем сирењето и се мати смесата. Густинот и желатинот треба соодветно да се подготват (се раствараат во вода, за да се добие густа смеса.) Се додаваат јагодите, растворениoт густин и желатин и се мати смесата. Се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и ванилата и се мати смесата (треба да е доста густа). Се полева крастот и тортата оди во фрижидер или подобро замрзнувач.
  • Топинг - овошјето се става во тенџерче на оган, се додава вода, густин и шеќер и се остава да врие додека да се згусне. Овошјето може претходно да се избленда или може да оди цело. Откако смесата ќе се згусне, се остава малку да се олади и се полева тортата. Најдобро е тортата да стои во фрижидер 8 часа пред да се послужи.

Вегански њоки

Рецептот е прилагодлив во однос на колку порции се прават. Може да се стави и едно јајце, моите беа без.

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-2-5.jpg

Потребни состојки:

Њоки - популарната “паста” со компири

  • 500 g компири, сварени, излупени и сосем оладени
  • 130-150 g брашно + за набрашнување на површината каде што ќе месите
  • Прстофат сол, бибер по желба
  • Маслиново масло
  • Розoвата боја е прехранбена, но можете да користите пасирано цвекло, блендан спанаќ и сл.

Додатоци - зеленчук по желба. Јас користев брокула, грашок и печурки. Можете да го употребите вашиот омилен зеленчук или пак додатоци како морски плодови или месо.

Сос - или мојот омилен додаток за паста, рижото, њоки… Откако почнав да го правам, воопшто не употребувам бешамел сос, поздрав е и многу повкусен (особено ако сте љубители на лук.)

  • 100 гр индиски ореви, киснeти во вода неколку часа
  • 1 главица лук
  • 1 лажичка маслиново масло
  • Сок од ½ лимон или лајм
  • Зачини (јас користам чили, димена пиперка, босилек, но ставете она што ви одговара во моментот)
  • ½ зеленчукова коцка за супа растворена во 200ml вода

Подготовка:

  • За да ги подготвите њоките, потребно е да ги сварите компирите и истите да се убаво оладени. Потоа треба да се ситно изгмечени или поминати низ ренде за компири. Во смесата од компирите, постепено додавајте го брашното додека да добиете цврсто тесто (можеби ќе треба да додадете помалку или повеќе) и солта. Месете додека смесата да се соедини во форма на тесто.
  • Откако сте задоволни од тестото (или барем така ви се чини) за да проверите дали тестото е добро, скинете многу мало парченце, формирајте топче и ставете го во зовриена вода - доколку исплива на површината без да се распадне, значи тестото е добро, но сепак пробајте го. Доколку е како гума, потребно е да додадете уште малку брашно.
  • Оформеното тесто ставете го на набрашнета површина и формирајте топка. Со нож или секач за тесто поделете ја топката на 4 еднакви делови.
  • Земете една четвртина и почнете со расукување. Потребно е да направите црево со дебелина од 1 цм. Откако ќе го расукате, со нож почнете да сечете парченца по 1 цм.
  • Исечените њоки, можете да ги стиснете со прст на средина, да ги поминете низ вилушка или пак низ алатка за њоки.
  • Во тенџере ставете вода да зоврие и дел по дел ставајте ги њоките да се варат. Штом испливаат на површина, готови се. Извадете ги со цедалка и оставете ги на страна.
  • Зеленчукот и додатоците подготвувајте ги паралелно, или претходно.
  • Загрејте тавче со маслиново масло и дел по дел ставете ги претходно сварените њоки. Ги пропржувате минимално, само колку да заруменат. Ги вадите и послужувате во чинија. Зеленчукот/додатоците ги ставате во чинијата (или претходно, во тавчето со њоките)
  • Индиските ореви коишто ги кисневте во вода барем 2 часа, ги процедувате и ги ставате во блендер, заедно со маслиновото, зачините, лимоновиот сок. Лукот можете да го ставите свеж, НО, одвоете 13 минути и зависткајте ја целата китка заедно со лушпата во алуминиумска фолија со маслиново и сол и печете го во загреана фурна на 180 степени. Печениот лук омекнува и добива посладок вкус. Испечениот лук (малку да се олади) истиснете го во блендерот и додајте малку од супата.
  • Изблендајте и со лажица додајте од сосот врз њоките и зеленчукот.

Смути

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-2-2.jpg

Сите сакаме еднорози. Ова смути е инспирирано од @plukamsterdam кадешто го јадев за прв пат.

Подготовка, без строго одредени состојки:

  • Изблендајте го вашето омилено овошје + растително млеко или грчки јогурт. Доколку сакате благо, можете да додадете половина лажиче мед.
  • Смутито ставете го во мала длабока чинија. Очите се од чиа семе, рогот е корнет, гривата (остатокот од декорацијата) е овесни снегулки и дробени бисквити.

Ладна супа

Во потрага по инспирација за храна со цвекло (розевата карантинска серија) дознав за Saltibarsciai - литванска ладна супа со кефир.

Многу наликува на нашиот таратур, само со цвекло. Се служи со варено јајце и печени компири

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-2-3.jpg

Потребни состојки:

  • 2 помали цвекла, излупени и изрендани на најситно
  • 1 краставица изрендана на најкрупно
  • 1l јогурт (можеби и малку помалку зависно од големината на краставицата и цвеклото)
  • 2 млади кромитчиња
  • Китка свеж копар (особено важно за вкусот)
  • Прстофат сол

Подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги ренданото цвекло, краставица, сол, копар и младото кромитче.
  • Додавајте јогурт додека да добиете смеса налик нашиот таратор. Можете да користите грчки јогурт или павлака зависно колку течно сакате да биде.
  • Послужето со варено јајце и печени компири.

Американски палачинки со малини

hrana-kako-niz-rozovi-ocila-delo-na-nasha-instagramdzika-plus-5-rozovi-recepti-2-1.jpg

Потребни состојки:

  • 1 шолја брашно,
  • 1 шолја млеко,
  • 1/2 лажиче сол,
  • 1 супена лажица шеќер,
  • 1 лажичка прашок за печиво,
  • 2 супени лажици стопен путер,
  • 2 дланки смрзнати малини (одмрзнати па изблендани). Може да ги замените со друго овошје или пак целосно да ги изоставите.

Подготовка:

  • Прво ги мешате сувите состојки. Ги додавате мокрите состојки и мешате сè заедно.
  • Загревате нелепливо тавче со капка маслиново. Откако ќе се загрее добро, ја намалувате температурата.
  • Ставате по една црпалка од смесата така што да формирате мали кругови.
  • Печете додека не почнат да излегуваат меурчиња, или отприлика 3 минути од страна (зависно од јачината на плотната)
  • Ги сервирате на чинија една врз друга. Можете да ги премачкувате со џем, путер од јатки или чоко крем (зависно колку благо сакате.)
  • Преливот јас го направив од 1 лажичка грчки јогурт, 1/2 банана и 1 дланка јагоди - изблендани. Секако, можете да ги прелиете со чоколадо или само јатки, јаворов сируп, мед…

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg