Сè во едно тавче – потпечени макарони со сушени домати и спанаќ
Сите обожаваме брзи и здрави, но сепак сочни ручеци кои нема да ни одземат премногу време во кујната, а ќе нè остават сити.

А најмногу сакаме кога нема потреба да валкаме повеќе од еден сад при готвењето. Затоа овие потпечени макарони се одлична идеја за викенд ручек.
Потребни состојки:
- 1 конзерва домати пелати
- 2 лажици доматно пире
- ½ шолја сушени домати (исцедени од маслото, но маслото зачувајте го)
- 30g свеж или замрзнат спанаќ
- Лук, сушен босилек, оригано, сол, црвен пипер, црн бибер
- 1 шолја црвено вино
- 1 + ½ шолја вода
- 450g макарони (ригатони, или друг вид, по желба)
- 2 шолји рендан кашкавал
- ½ шолја пармезан
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190°С. Подмачкајте го тавчето со димензии 9×13 cm.
- Во тавчето додадете ги доматите од конзерва, пирето од домати и сушените домати, како и 2 лажици масло (кое го исцедивте од сушените домати).
- Потоа додадете го спанаќот, сите зачини по желба и вкус, црвеното вино и 1+1/2 шолја вода. Добро измешајте ги состојките.
- Додадете ги макароните, ренданиот кашкавал и пармезанот и уште еднаш нежно промешајте, внимавајќи макароните да се целосно покриени во сосот. По желба додадете уште малку кашкавал од друг тип, како ајдамер или чедар.
- Покријте го садот со фолија за печење која сте ја намачкале со малку масло. Печете околу 40 минути. Потоа извадете ја и продолжете со печење уште 15-20 минути или додека кашкавалот целосно не се стопи и не порумени. (Надгледувајте ги макароните да не се исушат)
- Декорирајте со свежи зачински билки, а по желба може да додадете и малку кисела павлака како додаток.




(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...