Викенд ручек: „Цвет торта“ од компири со растопен кашкавал и пршута
Уште еден совршен рецепт за љубителите на ручек со компир – цвет торта од која се растега растопен кашкавал.

Компирот може да го искомбинирате во огромен број на јадења и да го припремите на 101 начин.
Овојпат препорачуваме „цвет торта“ од тенки парчиња компир во комбинација со пршута и растопен кашкавал.
Ако постите – ТУКА прочитајте посни рецепти кои мора да ги пробате.
Потребни состојки за рецептот со компир:
- 12 големи парчиња, дебело исечен кашкавал
- 10 парчиња пршута
- 1kg компири
- Кисели краставички
- Маслиново масло или зејтин (препорачуваме зејтин Бисер)
- Сол, бибер и зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Наредете ги парчињата кашкавал на дното на тавата.
- Исечете ги компирите многу тенки, користејќи ренде со широко сечило.
- Наредете ги парчињата компир кружно, поставени исправено.
- Во средината ставете цветче направено од неколку парчиња компир завиткани едно во друго.
- Измешајте го маслото со сол, бибер и останатите зачини и намачкајте ги компирите одозгора.
- Помеѓу парчињата компири наредете парчиња пршута.
- Одозгора ставете уште неколку парченца од преостанатиот кашкавал.
- Ставете да се пече на 180 степени околу 35 минути.
- Наосете со сечкани кисели краставички и уживајте.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...