Протеинско, чоколадно трилече – вистинско уживање со малку калории

Здодеано ви е оригиналното трилече и во потрага сте по рецепт со повеќе чоколадо, а помалку калории? Ова протеинско чоколадно трилече со сигурност ќе ви стане новиот, омилен десерт.

Proteinsko-chokoladno-trileche-01.jpg

Едно парче содржи само 116 калории, 9 gr јаглени хидрати, дури 12 gr протеини и само 4 gr масти, но секако калориите варираат зависно од точните намирници кои ќе ги користите.

Колачот се подготвува за само 20 минути, вклучително со печењето.

Потребни состојки (за 12 парчиња):

  • 4 јајца
  • 70 g шеќер по желба (може и бел, рафиниран шеќер, но за поздрава варијанта одберете кафеав или кокосов)
  • 60 g оризово брашно
  • 60 g протеин од сурутка (како замена може да употребите пченичен гриз)
  • 1 лажица какао
  • Половина ќесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За прелив:

  • 500 ml протеински чоколаден напиток (или чоколадно млеко)
  • 70 g темно чоколадо
  • 80 ml млеко (обично или чоколадно)

Начин на подготовка:

  • Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги пенесто белките со прстофат сол. Додавајте шеќер во оваа смеса, малку по малку, и матете.
  • Потоа додавајте ги жолчките, исто така една по една. Додадете го екстрактот од ванила, додека постојано матите со миксерот или рачната маталка.
  • Во друг сад помешајте го брашното, протеинот од сурутка, какаото и прашокот за печиво. Сите суви состојки добро измешајте ги и додадете ги во течната смеса, малку по малку, со непрестајно мешање со миксерот.
  • Излијте ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 250°C од 10-15 минути, во зависност од јачината на рерната.
  • Кога смесата ќе биде печена извадете ја од плехот и со помош на виљушка избоцкајте ја кората. Во плехот истурете 200 ml чоколадно млеко и вратете ја кората во плехот, но наопаку, така што „избоцканата“ страна биде во млекото.
  • Повторно избоцкајте ја кората сега одозгора со виљушка и прелијте ја со останатиот дел од млекото.
  • Стопете го чоколадото со обичното млеко на пареа и прелијте го колачот. Доколку сакате дополнително да го украсите, стопете малку бело чоколадо и декорирајте го вашето чоко-трилече.

Proteinsko-chokoladno-trileche (2).jpg

Proteinsko-chokoladno-trileche (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава