7 eдноставни предлози за појадок кој ќе ви ја даде потребната енергија

Грчки јогурт со овошје и јатки

Потребни состојки:

  • 150 грама грчки јогурт
  • 100 грама ситно овошје, како малини и боровинки
  • 30 грама јаткасти плодови по желба

Начин на подготовка:

  • Само измешајте ги сите состојки.
  • Ако ви треба повеќе енергија, можете да додадете и малку мусли.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-07.jpg

Овесна каша со грчки јогурт

Потребни состојки

  • 40 грама овес
  • 100 грама грчки јогурт
  • Млеко од бадем
  • Рендано јаболко или пасирана банана
  • Путер од кикиритки или јаткасти плодови

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги овесот, грчкиот јогурт, млекото и јаболкото или бананата. Покријте го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ.
  • Следното утро само додајте го путерот од кикиритки или јаткастите плодови.
  • Можете да додадете и овошје (свежо или замрзнато) како малини.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-08.jpg

Јајца и авокадо со двопек

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • Две парчиња интегрален леб
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  • Испржете ги или сварете ги јајцата и запечете го интегралниот леб.
  • Авокадото можете да го испасирате како намаз, или да го исечете на тенки парчиња.
  • Ставете го авокадото на лепчињата, па врз секое од лепчињата ставете по едно јајце.
  • По желба, можете да додадете и домат и пржени или печени печурки.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-03.jpg

Смути

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикиритки
  • 1-2 лажици овес
  • Малку мед
  • 1 шолја бадемово млеко
  • Малку цимет

Начин на подготовка:

  • Блендирајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-04.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Редена торта со јагоди – за кога немате ништо благо во фрижидер Сезоната на јаготки треба да се искористи максимално, па ова е уште еден сладок ...
5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами Пржени јајца со песто, едноставен сендвич со наут и хумус, полнети печурки со пр...
Хит рецепт за мезе: Зачинети ребра од пченка со сочен сос На социјалните мрежи масовно се споделуваат рецепти за здрава брза храна, што мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg