7 eдноставни предлози за појадок кој ќе ви ја даде потребната енергија
Грчки јогурт со овошје и јатки
Потребни состојки:
- 150 грама грчки јогурт
- 100 грама ситно овошје, како малини и боровинки
- 30 грама јаткасти плодови по желба
Начин на подготовка:
- Само измешајте ги сите состојки.
- Ако ви треба повеќе енергија, можете да додадете и малку мусли.
Овесна каша со грчки јогурт
Потребни состојки
- 40 грама овес
- 100 грама грчки јогурт
- Млеко од бадем
- Рендано јаболко или пасирана банана
- Путер од кикиритки или јаткасти плодови
Начин на подготовка:
- Измешајте ги овесот, грчкиот јогурт, млекото и јаболкото или бананата. Покријте го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ.
- Следното утро само додајте го путерот од кикиритки или јаткастите плодови.
- Можете да додадете и овошје (свежо или замрзнато) како малини.
Јајца и авокадо со двопек
Потребни состојки:
- 1 авокадо
- Две парчиња интегрален леб
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Испржете ги или сварете ги јајцата и запечете го интегралниот леб.
- Авокадото можете да го испасирате како намаз, или да го исечете на тенки парчиња.
- Ставете го авокадото на лепчињата, па врз секое од лепчињата ставете по едно јајце.
- По желба, можете да додадете и домат и пржени или печени печурки.
Смути
Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 лажица путер од кикиритки
- 1-2 лажици овес
- Малку мед
- 1 шолја бадемово млеко
- Малку цимет
Начин на подготовка:
- Блендирајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Крцкави печени лепчиња со путер и лук
Ова јадење можете да го направите за појадок или вечера - ќе го обожава целото с...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...