Нов хит појадок на социјалните мрежи - потпечени овесни снегулки со шумско овошје (видео)

Нова, брза и лесна идеја за здрав и несекојдневен појадок. Овој рецепт е популарен на социјалните мрежи, а, како што може да се види од видеото што масовно се споделува, мошне е лесен за приготвување.

po-dalgona-kafeto-potpechenite-ovesni-snegulki-so-shumsko-ovoshje-se-hit-ideja-za-brz-i-hranliv-pojadok-01.jpg

По далгона кафето, тоник-кафето, салатата „Зелена божица“, на социјалните мрежи нов тренд е подготвувањето на овој брз и едноставен појадок.

Џазмин Тајлер за првпат го сподели видеото за подготвување потпечени овесни снегулки со шумско овошје во 2020-тата година, а оттогаш досега рецептот е прегледан околу 100.000 пати.

Според неа, снегулките подготвени на овој начин се помеки, повкусни, а имате чувство дека јадете торта за појадок.

Дополнително, снегулките подготвени на овој начин им се допаѓаат дури и на оние што сметаат дека овесната каша нема некој особен вкус.

Голем број корисници на Инстаграм веќе споделија фотографии од своите обиди да го подготват овој појадок.

Потребни состојки:

  • 50g овесни снегулки;
  • 1 банана (испасирана);
  • 0,75ml бадемово млеко или вода;
  • 1 јајце;
  • 1 голема лажица ванилин шеќер;
  • прстофат цимет;
  • 100g шумско овошје (смрзнато или свежо);

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во подлабок огноотпорен сад и се мешаат;
  • Измешаната смеса се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 45 минути или додека снегулките не добијат златно-кафеава боја, а бадемовото млеко не се впие во целост.

Видео упатство:

@jaztyler This Berry Baked Oatmeal is LIFE CHANGING!!!!! Tag a friend who‘d love this healthy recipe :) #oatmeal #healthyrecipes #health #weightloss ♬ Watermelon Sugar - Harry Styles

Погледнете фотографии од оние што веќе се обиделе да го подготват овој појадок:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...

Најчитани неделава