Идеја за лесен ручек: Пилешко со крцкави млади компири, зачинето со рузмарин (фото+видео)
За овој рецепт ќе треба само да ги исечкате состојките и да ги ставите да се печат. Mожете да го сервирате со вкусна салата.

Пазарите и маркетите се преполни со млад компир, а мора да признаеме дека тој има навистина посебен вкус – мек од внатре, а крцкав од надвор. За да го подготвите овој рецепт не треба да сте голем експерт во кујна.
Сѐ што треба да направите е да ги промешате состојките и да ги ставите во рерна.
Можете да го сервирате со вкусна салата.
Потребни состојки:
- 5-6 пилешки надкопани;
- 15 – 20 млади компири (измиени и исечени на половинки);
- 2 моркови со средна големина, исечени на коцкички;
- ½ кромид (исечкан на парченца);
- 4 чешниња лук (рендани);
- 2-3 лажици маслиново масло (или по вкус);
- ½ лажичка мелен црн бибер;
- 1 лажица сув рузмарин.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на темепература од 180 степени Целзиусови;
- Во голем плех за печење се реди пилешкото месо, компирот, морковите, кромидот, лукот и маслиновото масло;
- Се зачинува со сол и црн бибер и се меша додека зачините и маслото не се распоредат рамномерно;
- Пилешкото се распоредува меѓу компирите и се зачинува со рузмарин;
- Пилешкото и компирите се ставаат да се печат околу час и половина на температура од 180 степени Целзиусови или додека надкопаните не добијат златно кафеава боја, а компирите станат меки кога ќе ги боцнете со виљушка.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак
Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...