Рецепт за сладолед од кафе – идеален десерт за освежување и будење во топлите денови

Овој сладолед ќе го подготвите сами за половина час, а слободно можете да ги послужите гостите за време на летните горештини или вие самите да уживате во него по напорниот работен ден.

neodolivo-letno-osvezhuvanje-shto-kje-ve-razbudi-vednash-sladoled-od-kafe-01.jpg

За љубителите на кафе ова е идеален рецепт за сладолед со вкус на нивниот омилен пијалак што совршено ќе ги освежи во текот на летните денови.

За подготовка на овој десерт ќе ви биде потребно половина час, но, имајте предвид дека сладоледот треба да преноќи во ладилник, па ако го подготвувате за гости тогаш би требало тоа да го направите еден ден порано.

Потребни состојки:

  • 2 големи лажици врела вода;
  • 1 лажица инстант кафе;
  • 250ml шлаг пена;
  • 100ml кондензирано млеко;
  • 1 мала лажичка какао;
  • чоколада за декорација.

neodolivo-letno-osvezhuvanje-shto-kje-ve-razbudi-vednash-sladoled-od-kafe-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Инстант кафето се раствора во филџан со две лажички врела вода и се остава настрана;
  • Во длабок сад шлаг пената се мати со миксер според упатството на амбалажата;
  • Потоа се додаваат какаото, кондензираното млеко и претходно подготвеното кафе;
  • Сладоледот се мати со миксер околу 3 минути, а потоа се става во замрзнувач преку ноќ;
  • Топчињата сладолед може да ги декорирате со чоколадни трошки или зрна кафе.

neodolivo-letno-osvezhuvanje-shto-kje-ve-razbudi-vednash-sladoled-od-kafe-03.jpeg

Прочитајте и Освежителен десерт: Домашен „Орео“ сладолед со само три состојки (видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава