5 посни рецепти за разновидна и вкусна трпеза без месо
Згответе брз спанаќ со ориз во тенџере, супа од наут или пак потпечени гирици со компирчиња...
Во периодите кога траат постите сите оние што се придржуваат до нив се соочуваат со проблем што да зготват, затоа што им се чини дека без употреба на месо и млечни производи се максимално ограничени.
Посна сарма, риба, посен грав, алва... Што друго можете да јадете во периодот додека траат постите?
Во продолжение издвојуваме 5 посни рецепти што ќе ви помогнат да имате разновидна храна на менито и во деновите додека траат постите, а што сигурно ќе им се допаднат и на најблиските.
Супа од наут
Потребни состојки:
- 500g наут;
- 2 лажици маслиново масло;
- 2 главици кромид (ситно исечкани);
- 1 чешне лук (цело);
- 1 морков (изрендан);
- 1 лимон;
- 1 лажица сол (по вкус);
- Црн бибер (по вкус);
- Буковец или чили во прав.
Начин на подготовка:
- Ако користите сув наут, тој треба да биде потопен во вода околу 24 часа, а тоа не важи за конзервираниот наут;
- Наутот се става во длабоко тенџере со многу вода да се вари околу 10-тина минути и со лажица се собира пената што се создава на површината;
- По ова наутот се процедува во цедалка и се мие тенџерето.
- Во тенџере на оган се става 1 лажица маслиново масло и се става цело чешне лук да се пржи околу 1 минута и се трга од маслото;
- Се додава кромидот и се остава да се испржи додека не омекне;
- Во кромидот се додава и процедениот наут и се пржи околу 2 до 3 минути или додека да прими масло;
- Се додаваат ренданиот кромид и околу 1 ½ литри топла вода и супата се остава да се вари во покриено тенџере на средна температура околу 1 час (тука мора да се има предвид дека наутот од конзерва се вари многу побрзо за разлика од сувиот);
- Ако додавате вода на супата за време на варењето, водете сметка таа да биде жешка за наутот да не престане да врие;
- Кон крајот се додава сол и црн бибер, а по неколку минути се зголемува температурата на ринглата и се додава уште една лажица маслиново масло и сок од лимон и се меша со дрвена лажица за да се згусне супата.
Спанаќ со ориз од тенџере
Потребни состојки:
- 1 kg исчистен спанаќ;
- 1 лажица маслиново масло;
- 1 главица кромид (ситно исечкана);
- 1 праз, исечкан;
- 200g ориз;
- Сок од 1 лимон;
- 1 голема лажица сос од домати (или 1 ситно исечкан домат);
- 2 лажички сол;
- Црн бибер.
Начин на подготовка:
- Во тенџере на оган се става 1 лажица маслиново масло да се загрее и се додаваат кромидот и празот да се пржат додека да омекнат;
- Се додава спанаќот да омекне и да „се стопи“ во тенџерето, по што се додава и оризот да се пропржи и состојките се мешаат убаво со дрвена лажица;
- Се додава околу 1 чаша вода во тенџерето, сол, црн бибер и се намалува температурата на ринглата;
- Спанаќот се вари во затворено тенџере околу 15 до 20 минути;
- По ова се додава уште една лажица маслиново масло, сок од лимон и сос од домати и се меша;
- Тенџерето се трга од рингла, се прекрива со крпа и се остава оризот во целост да ја впие течноста.
-->
-->
Уште 3 рецепти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
-->