5 посни рецепти за разновидна и вкусна трпеза без месо

Ќофтиња од наут

Потребни состојки:

  • 500g наут од конзерва;
  • 200g лебни трошки;
  • 1 ситно исечкан кромид;
  • Свеж копар;
  • Свеж магдонос;
  • 1 рендано морско оревче;
  • Сол;
  • Црн бибер;
  • 100g брашно;
  • Маслиново масло за пржење.

Начин на подготовка:

  • Потребно е наутот да биде добро сварен и процеден од вишокот вода;
  • Сите состојки (освен брашното) се ставаат во процесор за храна и се мешаат додека да се добие изедначена смеса;
  • Доколку смесата е премногу течна може да се додаде уште малку лебни трошки или брашно додека не се добие цврста смеса од која може да се формираат ќофтиња;
  • Смесата се остава во ладилник да отстои околу 30 минути;
  • Во тава се става маслиново масло и се загрева на рингла, а со лажица се формираат кофтиња од смесата;
  • Секое ќофте се валка во малку брашно и се пржи во загреано масло околу 2-3 минути од секоја трана, или додека да добијат златно кафеава боја;
  • Готовите ќофтиња се ставаат на чинија обложена со хартија;
  • Доколку сакате да ги подготвите без масло, тогаш можете да ги наредите на плех обложен со хартија за печење и да ги печете на температура од 200 степени околу 15 минути;
  • Послужете со посен сос од домати.

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-04.jpg

Грашок со компири и сос од лимон

Потребни состојки:

  • 1kg грашок;
  • 1 лажица маслиново масло;
  • 4 компири со средна големина;
  • 3-4 моркови со средна големина;
  • 1 голема главица кромид (ситно исечкана);
  • Сок од 1 лимон;
  • 2 лажички сол;
  • Црн бибер по вкус.

Начин на подготовка:

  • Компирите се лупат и се мијат, па се сечат на коцкички, а морковите се чистат и се сечкаат на крукчиња;
  • Во тенџере на рингла се загрева маслиново масло и се става исечканиот кромид да се пржи додека да омекне, по ова се додаваат и компирите за да се пропржат;
  • Се додава грашокот и морковот, па се додава жешка вода додека состојките не бидат залеани до половина;
  • Кога водата ќе почне да врие, тенџерето се покрива со капак, се намалува температурата на ринглата и зеленчукот се вари со повремено мешање околу 30 минути;
  • При крајот на варењето се додава свеж копар, сол и црн бибер и зеленчукот се меша;
  • На крај се додава сок од лимон и се меша.

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-05.jpg

Потпечени гирици со компири

Потребни состојки:

  • 8 компири со средна големина;
  • 1kg гирици;
  • 1 голема лажица зачинет сенф;
  • Сок од 2 лимони;
  • ½ лажица маслиново масло;
  • 4-5 чешниња лук (исечкани);
  • 2 мали лажици сол;
  • 1 голема лажица оригано;
  • Црн бибер по вкус.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Компирите се лупат, се мијат и се сечат на долгнавести парчиња, па се распоредуваат во подлабок плех;
  • Во длабок сад се мешаат лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, солта и црниот бибер и се додаваат на компирите и се мешаат убаво во плехот;
  • Во компирите се додава вода додека да бидат прелеани до половина (околу 1 чаша);
  • Компирите се печат во рерна на температура од 180 степени околу 40 минути, или додека да омекнат;
  • Во меѓувреме, гириците се чистат, главата им се отсекува и со ноже се чистат крлушките;
  • Се мијат во студена вода и се оставаат да се исушат во цедалка;
  • По ова се посолуваат и се оставаат во ладилник, додека да се испечат компирите;
  • Кога ќе омекнат компирите, се додаваат гириците во плехот и се враќаат да се печат околу 15 минути во рерна;
  • Можете да ги декорирате со свежи листови магдонос.

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...

Најчитани неделава