5 посни рецепти за разновидна и вкусна трпеза без месо

Згответе брз спанаќ со ориз во тенџере, супа од наут или пак потпечени гирици со компирчиња...

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-01.jpg

Во периодите кога траат постите сите оние што се придржуваат до нив се соочуваат со проблем што да зготват, затоа што им се чини дека без употреба на месо и млечни производи се максимално ограничени.

Посна сарма, риба, посен грав, алва... Што друго можете да јадете во периодот додека траат постите?

Во продолжение издвојуваме 5 посни рецепти што ќе ви помогнат да имате разновидна храна на менито и во деновите додека траат постите, а што сигурно ќе им се допаднат и на најблиските.

Супа од наут

Потребни состојки:

  • 500g наут;
  • 2 лажици маслиново масло;
  • 2 главици кромид (ситно исечкани);
  • 1 чешне лук (цело);
  • 1 морков (изрендан);
  • 1 лимон;
  • 1 лажица сол (по вкус);
  • Црн бибер (по вкус);
  • Буковец или чили во прав.

Начин на подготовка:

  • Ако користите сув наут, тој треба да биде потопен во вода околу 24 часа, а тоа не важи за конзервираниот наут;
  • Наутот се става во длабоко тенџере со многу вода да се вари околу 10-тина минути и со лажица се собира пената што се создава на површината; 
  • По ова наутот се процедува во цедалка и се мие тенџерето.
  • Во тенџере на оган се става 1 лажица маслиново масло и се става цело чешне лук да се пржи околу 1 минута и се трга од маслото;
  • Се додава кромидот и се остава да се испржи додека не омекне; 
  • Во кромидот се додава и процедениот наут и се пржи околу 2 до 3 минути или додека да прими масло; 
  • Се додаваат ренданиот кромид и околу 1 ½ литри топла вода и супата се остава да се вари во покриено тенџере на средна температура околу 1 час (тука мора да се има предвид дека наутот од конзерва се вари многу побрзо за разлика од сувиот);
  • Ако додавате вода на супата за време на варењето, водете сметка таа да биде жешка за наутот да не престане да врие;
  • Кон крајот се додава сол и црн бибер, а по неколку минути се зголемува температурата на ринглата и се додава уште една лажица маслиново масло и сок од лимон и се меша со дрвена лажица за да се згусне супата.

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-02.jpg

Спанаќ со ориз од тенџере

Потребни состојки:

  • 1 kg исчистен спанаќ;
  • 1 лажица маслиново масло;
  • 1 главица кромид (ситно исечкана);
  • 1 праз, исечкан;
  • 200g ориз;
  • Сок од 1 лимон;
  • 1 голема лажица сос од домати (или 1 ситно исечкан домат);
  • 2 лажички сол;
  • Црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Во тенџере на оган се става 1 лажица маслиново масло да се загрее и се додаваат кромидот и празот да се пржат додека да омекнат;
  • Се додава спанаќот да омекне и да „се стопи“ во тенџерето, по што се додава и оризот да се пропржи и состојките се мешаат убаво со дрвена лажица;
  • Се додава околу 1 чаша вода во тенџерето, сол, црн бибер и се намалува температурата на ринглата;
  • Спанаќот се вари во затворено тенџере околу 15 до 20 минути;
  • По ова се додава уште една лажица маслиново масло, сок од лимон и сос од домати и се меша;
  • Тенџерето се трга од рингла, се прекрива со крпа и се остава оризот во целост да ја впие течноста.

5-posni-recepti-shto-kje-vi-pokazhat-deka-i-hranata-bez-meso-mozhe-da-bide-raznovidna-03.jpg

Уште 3 рецепти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...

Најчитани неделава