„Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македонија“, беа коментарите за Благоја Ацковски (72) од Скопје, а ние не можевме, а да не го исконтактираме. И не не разочара, и ведар и инспиративен и за секоја пофалба. Ни кажа дека истрчал повеќе од 45 полумаратони, планинари, си прави домашно слатко, има овоштарник, а матичната докторка ја посетува само еднаш годишно. Браво хероју од реалноста!