Северина емотивна на 12-тиот роденден на синот: „Во Сплит врнеше снег, а јас го родив најубавиот ангел на светот“

„Во 23:05 се роди најубавиот ангел на светот, а јас станав најсреќната жена на светот. Среќен роденден синко...“, напиша Северина на фотографијата што ја објави на Инстаграм за да му го честита роденденот на Александар, над кого, неодамна, повторно го загуби старателството.

severina-emotivna-na-12-tiot-rodenden-na-sinot-vo-split-vrneshe-sneg-a-jas-go-rodiv-najubaviot-angel-na-svetot-01.jpg

Хрватската ѕвезда Северина објави фотографија направена на Малдиви, а со која му го честита роденденот на својот син, Александар, но и на Томица Петровиќ, нејзиниот долгогодишен пријател, кој, наводно бил виновен за разводот на пејачката и Игор Којиќ.

Таа покрај фотографијата раскажа кратка приказна за тоа што се случувало пред раѓањето на Александар.

„Пред 12 години падна снег во Сплит... Мојот Томица беше со мене во породилиштето, но замина за да го прослави својот роденден кај Грашо. Заспав околу 20:00 часот и реков: 'Не ме будете'.

Во 21:05 ме разбуди докторот и ми рече: 'Северина, време е, да одиме во салата за породување'.

severina-02.jpg

Во паника го зедов мобилниот телефон да ѝ се јавам на мајка ми. На мобилниот имаше порака од Томица...

'Ајде хани, опа, опа, јас и Александар да славиме заедно'.

Во 23:05 се роди најубавиот ангел на светот, а јас станав најсреќната жена на светот. Среќен роденден синко... и на тебе, хани“, напиша Северина.

Таа доби многу честитки од фановите, кои, меѓу другото, ѝ посакаа што поскоро да е со синот, над кого неодамна повторно го загуби старателството.

severina-03.jpg

Томица Петровиќ, пак, или „човекот во црно“ како што го нарекуваат хрватските медиуми се грижи за кариерата на Северина од 2000-та година.

Тие се разделија во 2019-та, а откако пејачката и официјално се разведе од Игор Којиќ, Томица повторно ѝ стана менаџер.

Прочитајте и Северина на Малдиви со мажот кого Игор Којиќ го обвини за нивниот развод: „Тој и синот ми се најдраги“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Северина слави Бадник со „грда“ елка и кристални чаши: „Каде е мама, таму е домот“ „Кај што е мама, таму е домот. Еден посебен Бадник за нас“ - напиша Северина. ...
„Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир... Аца Кос е 16 години помлад од Чедомир и живеат заедно веќе 3 години, откако Чедо...

Најчитани неделава