Лепа Брена со грутка во грлото испеа хит од Бора Чорба на концерт во Белград: „Нè напушти великанот“ (видео)

„Мораме да му оддадеме почест на великанот кој нè напушти“, рече Брена и едвај ги задржа солзите додека пееше акапела во чест на починатиот пријател Бора Чорба, како гостинка на концертот на грчкиот пејач Никос Вертис. 

lepa-brena-so-grutka-vo-grloto-ispea-hit-od-bora-chorba-na-koncert-vo-belgrad-ne-napushti-velikanot-video-01.jpg

Грчката ѕвезда Никос Вертис вчеравечер (04.09) одржа концерт на стадионот Ташмајдан во Белград, а специјална гостинка му беше Лепа Брена.

Пред бројната публика, Вертис ги пееше своите најголеми хитови, а потоа, на изненадување на многумина, ја најави Брена.

lepa-brena-so-grutka-vo-grloto-ispea-hit-od-bora-chorba-na-koncert-vo-belgrad-ne-napushti-velikanot-video-02.jpg

Публиката ја пречека со овации и силен аплауз, а таа, откако ја испеа „Ti si moj greh“, реши да му оддаде почит на својот пријател и колега, Бора Чорба, кој почина вчера во болница во Љубљана.

„Мораме да му оддадеме почест на великанот кој нè напушти“, рече Брена.

Потоа, со растреперен глас почна да ја пее во акапела верзија „А kada padne noć“, па и публиката запеа со неа на цел глас.

„Почивај во мир“, кажа Брена на крајот.

lepa-brena-so-grutka-vo-grloto-ispea-hit-od-bora-chorba-na-koncert-vo-belgrad-ne-napushti-velikanot-video-03.jpg

Својот настап на концертот таа го заврши со дует со Вертис - грчката и балканската ѕвезда заедно испеаја негова песна, а според српските медиуми, Брена цел ден го учела текстот за да може да го испее совршено.

Кликнете на линковите и погледнете ги видеата од настапот на Брена:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава