Сергеј Четковиќ пее со улични свирачи во 2 по полноќ - му бакнува рака на гитаристот, им реди пари (видео)

За еден ден видеото на кое Сергеј Четковиќ пее со улични свирачи на Скадарлија во Белград во 2 часот по полноќ има скоро 3,5 милиони прегледи и ги топи срцата. Освен тој, со музичарите пее и Александра Радовиќ, облечена во балски фустан.

sergej-chetkovikj-pee-so-ulichni-svirachi-vo-2-po-polnokj-mu-baknuva-raka-na-gitaristot-im-redi-pari-video-01.jpg

Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ важи за човек со космополитски дух и големо срце. А тој, уште еднаш го покажа ова кога застана со група улични свирачи на Скадарлија во Белград, и во 2 часот по полноќ запеа со нив.

Овој интересен момент, кој свирачите ќе го паметат засекогаш, се случи по забавата и церемонијата на доделувањето награди на радиото Накси.

Со Сергеј, кој е дотеран во тегет костум, се и неговата сопруга Кристина, но и пејачката Александра Радовиќ, која носи црвен „балски“ фустан, а која доби една од наградите вечерта.

Па додека се движат по калдрмата со коцки на Скадарлија, на двајцата музичари им се приближуваат свирачите. Тие за мерак на Сергеј ја свират неговата „Нису ми дали да те волим“, а потоа и хитот на Александра - „Чувам те“.

sergej-chetkovikj-pee-so-ulichni-svirachi-vo-2-po-polnokj-mu-baknuva-raka-na-gitaristot-im-redi-pari-video-02_copy.jpg

И додека ја свират песната на Сергеј, еден од музичарите го вади својот мобилен и му го дава на друг за да ги снима.

Сергеј, пак, гледа дека детето не се снаоѓа баш најдобро, го зема телефонот и продолжува да снима додека пее заедно со тројцата свирачи.

sergej-chetkovikj-pee-so-ulichni-svirachi-vo-2-po-polnokj-mu-baknuva-raka-na-gitaristot-im-redi-pari-video-05.jpg

За добро отсвирената и отпеана песна, тој им дава пари, а на крајот, на гитаристот му ја бакнува раката во знак на почит и благодарност.

„Кога по една убава вечер, во 2 по полноќ, ќе те пречека и изненади екипа на Скадарлија“ - напиша музичарот на видеото што го објави на својот Инстаграм.

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Видеото стана вирално и за 24 часа има преку 123.000 лајка и скоро 3,5 милиони прегледи.

Видео како пее со уличните музичари сподели и Александра Радовиќ.

Па откако ќе ја испее својата „Чувам те“, таа им вели дека се одлични и им се заблагодарува што ѝ ја испеале песната заедно со неа.

sergej-chetkovikj-pee-so-ulichni-svirachi-vo-2-po-polnokj-mu-baknuva-raka-na-gitaristot-im-redi-pari-video-04.jpg

Кликнете и погледнете го видеото од Александра:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckha...
Сергеј Четковиќ за сопругата, со која имаат 2 посвоени ќерки: „Подготвен сум на сè, само да ја видам... „Ние едноставно бевме судени за заедно и чекор по чекор да изградиме наш свет. В...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава