„Нема игла каде да фрлиш“ - Плажите во Сутоморе се претрупани со туристи уште во јуни (фото)

„Никој не сака да се турка и бори за квадрат песок“, „Вистински кошмар!“ се дел од коментарите за преголемите гужви на плажа во Сутоморе. Одмор или замор?

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-01.jpg

Сутоморе во Црна Гора е популарна дестинација за одмор по пристапни цени.

Многу е поевтино од Будва или некои од другите црногорски летувалишта.

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-04.jpg

Има шеталиште, ресторани, барови и водени активности, па многу луѓе го сметаат за добро место за семеен одмор.

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-06.jpg

Сепак, летувањето тука носи некои предизвици со себе, а тоа се масовниот туризам и непрописната градба кои предизвикуваат застој во сообраќај и пренатрупаност на луѓе на плажите во летните месеци.

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-05.jpg

Годинава, гужвите започнаа уште во јуни, а доказ за тоа се фотографиите објавени во Фејсбук групата „VOLIM CRNOGORSKO, BOKELJSKO PRIMORJE“.

Сцените од плажата од многу корисници на оваа група се оценети како вистински кошмар – буквално нема каде игла да падне, луѓето лежат едни до други, а некои ви минуваат буквално над глава.

Ако се суди по состојбата среде јуни – ситуацијата е толку напната што туристите едвај наоѓаат место да го спуштат пешкирот.

„Никој не сака да се турка и бори за квадрат песок“, гласи еден од коментарите.

Според сведоштвата, во Сутоморе плажата постојано е полна до последното место, односно нема ниту момент за слободно и опуштено капење.

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-02.jpgфото: Фејсбук

Дел од коментарите за ситуацијата во ова познато приморско гратче на Јадранот:

„Место има само за пешкир и шише вода“.

„Оваа година никако Сутоморе! Минатата година бевме со сопругата, се движевме на плажа како боси по трње. Изберете некое друго место во Црна Гора...“

„Со тешко срце, ама оваа година се излажав со Сутоморе. И пред сезона не e добро. Цените се различни насекаде, гужви неверојатни, а сместувањето секој ден се поскапува“.

Од друга страна, имаше и такви кои велат дека, без разлика на сè, го сакаат ова место и дека дури ни гужвите не им пречат за да го минат одморот таму.

Но, ако е вака пред сезона, како е биде во јули и август, велат трети...

nema-igla-kade-da-frlish-plazhite-vo-sutomore-se-pretrupani-so-turisti-ushte-vo-juni-foto-03.jpgфото: Фејсбук

Сте го посетиле ли Сутоморе?

Линк до фотографиите ТУКА...

Прочитајте и „Бев на одмор во Улцињ и го шетав црногорското крајбрежје до Будва – магичен стар град, 13km песочна плажа“

С. С. | Црнбело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Туристи во Грција добија казна од 250 евра за користење СУП даска без елече за спасување Вирално се шири видео од туристи кои добиле казна од 250 евра за веслање со СУП ...
Туристи оставија хаос во вила во Хрватска, сопствениците згрозени - Столчиња фрлени во базен, купишт... Откако видеото од хаосот стана вирално, јавноста се подели - едни се згрозени од...
Туристка истура пепел на почината личност низ улиците на Санторини – локалците гневни, ја осудуваат ... На вирално видео се гледа како жена истура пепел од почината личност низ улиците...
Сека Алексиќ со осуда за сите што ги исмејуваат „патлиџан туристите“: „Срам да ви е, некои семејства... Преку видео на ТикТок, познатата пејачка своевремено ги искритикува сите што ги ...
Снежно невреме ја зафати Србија – апел и македонските туристи да внимаваат на замрзнатите патишта (ф... Додека за повеќето, голем дел од Србија, вклучително и Белград, изгледаат како з...

Најчитани неделава