MC Стојан (42) се ожени со девојката на која ѝ го крие лицето – бугарска невеста во мини фустанче (фото)
- Детали
- понеделник, 27 октомври 2025
„Конечно и Стојке стапна на лудиот камен“ - Српскиот пејач MC Стојан на раце ја изнесе сопругата во мини невестинско фустанче од матично во Бугарија, а уште го крие ликот на саканата.

Марко Стојковиќ (42), познат како MC Stojan, е српски пејач кој има хумористични и провокативни текстови во своите песни, кои се мешавина од поп, фолк и хип-хоп елементи.
Тој долго ја криеше својата љубов од јавноста, а во мај откри дека ја запросил мистериозната девојка на која ѝ го крие лицето.
Сега стапија во граѓански брак во Бугарија, а на Инстаграм сподели неколку фотки и напиша:
„Конечно и Стојке стапна на лудиот камен“.
Стојан уште го крие ликот на својата сакана, а на фотките се гледа дека е згодна црнокоса, веројатно од Бугарија, која го кажа судбоносното ДА во мини бело фустанче.
Пејачот, облечен во одело, на раце ја изнесува својата избраничка од матично и изгледа среќно како оженет човек.



М. М. | Црнобело