Наташа Беквалац јавно го прозва Владо Георгиев, со кого ја поврзуваа љубовно - тој ѝ врати хит коментар
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
„Фала на поканата што ја добив 2 часа пред концертот и фала што нема да ми одговориш, реално не ме ни следиш...“ – напиша јавно Беквалац, а Владо Георгиев ѝ одговори во коментари со големи букви: „КОЈ НЕ ТЕ СЛЕДИ?“. Драма помеѓу поранешните љубовници со јавни преписки, срца и бакнежи...

На 14 февруари Владо Георгиев имаше концерт во белградската арена по повод Валентајн, а на големо изненадување на сите, на сцената излезе и Наташа Беквалац.
Новосадската барбика, со која на почетокот на 2000-ите имаа кратка романса (според шпекулациите кои никогаш не ги потврдија), заедно со Владо го испеа неговиот хит „Mi nismo mi“.
Тие си пееја еден на друг, тој ја држеше за рака и се прегрнаа, а фановите едвај чекаат да слушнат дали тие ќе бидат новите Џеј Ло и Бен Афлек и ќе се смират по 20 години.

Вчера Наташа на Инстаграм објави видео од нивниот настап и напиша забавна благодарница, во нејзин стил со доза хумор на своја сметка, но и со срце емотикон.
„Честа беше моја! Ти благодарам на прекрасната покана која ја добив 2 часа пред концертот, ти благодарам и што веројатно нема да ми одговориш на оваа благодарница, не ме ни следиш, но ете, фала.
Беше магично повторно да ве видам вас во Арената (сега ви пишувам на вас, на кои ви пеев), се надевам дека барем вие ќе ми одговорите“.
Во коментари сите го означуваа Владо и го тераа да ѝ одговори, па набрзо потоа тој со големи букви ѝ напиша: „КОЈ НЕ ТЕ СЛЕДИ?“.
Потоа тој на Стори го објави нејзиното видео, а освен „Кој не те следи?“, напиша и: „Ти благодарам на тебе“ и стави емотикон со бакнеж.

За неа сите пишуваат дека е вистинска госпоѓа, подготвена во секое време, која како и секогаш, знае да се пошегува и да ги освои срцата на мажите.
Прочитајте и Бурниот љубовен живот на Наташа Беквалац – беше во брак трипати, со првиот се изневерија, последниот ја претепа
М. М. | Црнобело