Ѓорѓе Давид: „Татко ми загина во наместена сообраќајка - ме исфрли од автомобилот за да ме спаси, ‘летав’ 60m“

„Во сударот беше разнесен. Имаше видлива фрактура на черепот. Но, некако успеа да ме исфрли од автомобилот. ‘Летав’ 60m и се тркалав уште 30m, a влакно не ми фалеше од главата. Него го префрлија во болница, каде по 48 часа почина. Подоцна дознавме дека тоа беше политички монтиран судар и јас се заколнав дека нема да влезам никогаш во политика“, вели Ѓорѓе Давид.

gjorgje-david-tatko-mi-zagina-vo-namestena-soobrakjajka-me-isfrli-od-avtomobilot-za-da-me-spasi-letav-60m-01.jpg

Ѓорѓе Давид е еден од најпопуларните Срби кај нас, не толку заради музиката, колку поради неговата љубов кон Македонија и неизмерната поддршка на македонските кандидати во „Ѕвездите на Гранд“ каде што е член на жирито.

А Давид со земјава, освен убави, го врзуваат и неубави моменти, пред сè траумата кога пред две и пол години во Куманово, во густа магла налета на судрени автомобили, па удри и самиот во нив и усмрти жена.

Иако неколкупати јавно зборувал на темава, Давид и самиот ја начна во подкастот кај Стефан Лазаров, велејќи дека е ослободен од обвиненијата, но и покрај тоа секојдневно мора да живее со сознанието дека одзел живот.

gjorgje-david-tatko-mi-zagina-vo-namestena-soobrakjajka-me-isfrli-od-avtomobilot-za-da-me-spasi-letav-60m-03.jpg

Но тој зборуваше за уште една страшна сообраќајка, која ја преживеал кога имал скоро 15 години, а по која загинал татко му.

Давид вели дека неговиот татко бил мета на атентат и дека сообраќајката што се случила не била случајна, туку дека била испланирано политичко убиство.

„Многу млад го губиш твојот татко, баш во сообраќајка, во истата кола си и ти. Како се случи сообраќајката?“, прашува Стефан.

gjorgje-david-tatko-mi-zagina-vo-namestena-soobrakjajka-me-isfrli-od-avtomobilot-za-da-me-spasi-letav-60m-08.jpg

А музичарот му одговара дека тоа се случило во време кога постоел пар-непар систем за возилата, поради криза со гориво во Југославија, па возилата со последен парен број на таблицата возеле во одредени денови, додека оние чии таблици завршувале со непарен број возеле во други денови од неделата.

„Ние имавме роднини во Сурчин, некогаш село, а денес сериозно гратче, а каде што се наоѓа аеродромот во Белград.

Тој одеше накај своите роднини со Фиат 1300, за да земе автомобил чијашто таблица завршуваше на непарен број.

Да не должам, но мора да кажам дека имаше луѓе кои пробуваа политички да го тргнат од територијата на Југославија, зашто тој е творецот на малото стопанство.

Значи сите овие кафулиња, сите приватници што постојат денес, постојат благодарение на него. Тој го смисли тоа со свој пријател од Имотска Краина во Хрватска, Миро Вуцо.

Многу гастарбајтери почнаа да се враќаат назад во СФРЈ и тоа некому не му одговараше, зашто некој од врвот земаше сериозни пари од местата каде што дијаспората беше огромна, а тоа се Шведска, Австрија, Германија, Франција.

Тоа беше политичко убиство, т.е наместен судар. Во нас удри автомобил на анголската амбасада, земјата во која татко ми требаше да оди да биде амбасадор, да се тргне од територијата на Југославија, заедно со мајка ми, сестра ми и со мене...“, вели Ѓорѓе.

gjorgje-david-tatko-mi-zagina-vo-namestena-soobrakjajka-me-isfrli-od-avtomobilot-za-da-me-spasi-letav-60m-02.jpg

Практично, тоа е атентат“, додава Стефан, а Ѓорѓе потврдува.

Потоа продолжува да ја раскажува приказната за несреќата.

„Јас тогаш имав 14 години и 11 месеци. Бев со него во колата, тие нè удрија од неговата страна. Се случи кај Студентскиот град, на неполни 2 километри од станот.

Тој беше разнесен. Имаше видлива фрактура на черепот, беше без свест.

Татко ми беше веслач, во Хелсинки имаше освоено злато за СФРЈ, беше спортист, беше ѕвер.

И некако успеа во тој судар да ме исфрли од автомобилот. Јас ‘летав’ 60 метри и се тркалав уште 30 метри, само станав, влакно не ми фалеше од главата.

Него го префрлија во болница во Бежанијска Коса, каде што по 48 часа испушти душа, по сите тие силни внатрешни повреди што ги имаше, а како што е случај кај спортистите. Тој, едноставно, целиот пукна однатре.

Во другата кола беа луѓе од анголската амбасада, со дипломатски пасоши, кои по 10 минути беа пуштени, и тие заминаа на аеродромот во Сурчин од каде што летнаа кон Ангола.

Подоцна дознавме дека тоа беше политички монтиран судар, а јас во тој момент се заколнав дека нема да влезам никогаш во политика“, вели музичарот.

gjorgje-david-tatko-mi-zagina-vo-namestena-soobrakjajka-me-isfrli-od-avtomobilot-za-da-me-spasi-letav-60m-07.jpg

Погледнете го целото интервју:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Дуа Липа настапи во Приштина - Со згодниот татко испеаја дует и ја кренаа публиката на нозе (видео) Пејачката во бел сценски костим, а татко ѝ (кого го нарекуваат сребрена лисица п...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава