Едита се породи во државна болница во Белград, сподели детални фотки – покажа како ги издржала болките, скромен појадок и прво доење
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
„Стигнав во болница со „фини“ контракции. Многу забавно искуство. Успеав и да се нашминкам да бидам убава родилка. Но и да одбијам епидурал до граница на болки 8/10. Тука веќе прифатив епидурална затоа што се распаѓав. Многу сакав да се породам природно, но не се спушташе и се роди Зоја (живот) на ангелски датум“ - Едита сподели детали од породувањето.

Пејачката Едита Арадиновиќ на 22 јули на свет донесе здраво девојче, на кое ѝ го даде името Зоја.
На самиот почеток на бременоста, таа се раздели со таткото на детето и продолжи сама низ своето трудничко и мајчинско искуство.
Викендов таа на Инстаграм за фановите сподели детали за раѓањето, но и фотки од моменти пред и за време на породувањето.
Таа покажа како пристигнала во болница со нејзиниот пријател, но и како успевала да ги издржи првите породилни болки и контракции.

Сепак, на крајот не успеала да издржи како што посакувала, па примила епидурална анестезија, а иако сакала да се породи природно, раѓањето било со царски рез.
Едита им посака на сите да можат да го почувствуваат моментот кога новороденото бебе ти лежи во прегратка, но и моментот на доење на своето дете, како и молзење со пумпа.

Во продолжение прочитајте што напиша таа и погледнете интимни фотки кои ги сподели со фановите:
„Стигнав во болница со „фини“ контракции. Многу забавно искуство. Успеав и да се нашминкам да бидам убава родилка. Но и да одбијам епидурал до граница на болки 8/10.

Породувањето започна, бидејќи сè беше на свое место, дилација комплетна, што би се рекло, чиста 10-ка. Тука веќе прифатив епидурална затоа што се распаѓав.

Многу сакав да се породам природно, се подготвував за тоа, дури бебето и подрани, бидејќи терминот беше 3 август, ми пукна воденикот, како на филм, но не се спушташе...
И да не здодевам со детали, ми се роди Зоја (живот) на ангелски датум 22.07.2026. Жива и здрава.

Ова чувство... посакувам сите да го доживеат. Царскиот помина одлично, одев веќе следниот ден и еве на трет ден сум како нова. Јупи... појадок“.


M. M. | Црнобело