Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“

„Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме...“, вели Анастасија Ражнатовиќ која додава дека децата бараат одрекување и одговорност и ќе го остави тоа за подоцна во животот.

anastasija-razhnatovikj-po-5-godini-vrska-i-stan-od-750-00-evra-se-razdeli-so-partnerot-mu-posakuvam-se-najdobro-01.jpgфото: Инстаграм Анастасија Ражнатовиќ

Aнастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Амиџи шоу, каде за првпат проговори за разделбата со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, со кого 5 години беше во врска, а извесен период дури и живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, според пишувањата во српските медиуми со вредност од 750.000 евра.

По разделбата, Анастасија се врати во домот кај нејзината мајка Цеца.

На тема нивната разделба таа за првпат проговори во Амиџи шоу:

„Никој не знае што носи денот и ноќта. Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме.

Му посакувам сè најдобро во животот. И сметам дека и мене и него нè чека некоја голема среќа. Останавме во добри односи.“

View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija)

Таа проговори и за својот внук, односно синчето на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ (25).

„Како тетка се снаоѓам фино, но можам да кажам дека уште не сум подготвена за деца. Јас го сакам најмногу на светот мојот внук и сакам да минувам време со него, но не сум подготвена за улогата за мајка.

Многу одрекување е тоа, многу одговорност... Мислам дека ќе го оставам тоа за подоцна.“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се венчаа Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во Шпанија - изгравирани бурми, бел романтичен фустан... По помалку од еден месец од свршувачката, пејачката и фудбалерот си ветија љубов...
„Те сакам Немања“ - Анастасија Ражнатовиќ, со Цеца во Атина, му е најголема поддршка на Гудељ, по пр... Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ минаа низ тешки мигови откако го изгубија б...
Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно... Наводно на Цеца не ѝ се допаѓаше тоа што на само 14 години нејзината ќерка споде...
Анастасија Ражнатовиќ го покажа трудничкото стомаче за првпат - Немања Гудељ ја милува Анастасија Ражнатовиќ (24) веќе една година е во врска со фудбалерот Немања Гуде...
Анастасија Ражнатовиќ го прослави 25-тиот роденден - Немања Гудељ ја изненади со балони и кадифени и... Анастасија Ражнатовиќ денес (25.05) го прослави својот 25-ти роденден во домашна...
Анастасија Ражнатовиќ е бремена - очекува девојче со фудбалерот Немања Гудељ Анастасија Ражнатовиќ веќе 6 месеци речиси комплетно е преселена во Шпанија кај ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg