Позитива на денот: Црковно лице од Велес споделува емотивна приказна и вели Господ му се насмевнал

„Минатава недела добивам апел за лекување на еден наш сограѓанин. Господ ме поттикнува во срцето да му верувам и да ја испразнам касата, да ги дадам сите пари за лекувањето на еден човек. Го правам тоа и тој ден ми се јавува еден брат да се видиме на кафе...“, ја започнува емотивната приказна Филип Иванов, пастор од Велес.

pozitiva-na-denot-crkovno-lice-od-veles-spodeluva-emotivna-prikazna-i-veli-gospod-mu-se-nasmevnal-01.jpg

Филип Иванов од Велес е пастор во Евангелска Црква во Велес, кој на својот Фејсбук профил постојано говори за хуманите дела кои ги прават верниците и како тоа прави да верува дека Господ му се насмевнува.

Овој пат тој сподели неколку трогателни настани, кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на луѓето:

„Минатава недела добивам апел за лекување на еден наш сограѓанин. Во Општиот Добротворен Фонд на црквата имаше триесет илјади денари, и нешто ситно. Знам дека имаме за плаќање доспеани фактури за храна.

Господ ме поттикнува во срцето да му верувам (одново!) и да ја испразнам касата, да ги дадам сите пари за лекувањето на еден човек. Го правам тоа, човекот следниот ден патува во странство на терапија.

Тој ден ми се јавува еден брат да се видиме на кафе. Вади точно триесет илјади денари, Господ му зборувал во срцето да даде токму толку, со една цел - за пакетите храна.

Погледнувам нагоре - се насмевнувам, верувам Господ исто така.

pozitiva-na-denot-crkovno-lice-od-veles-spodeluva-emotivna-prikazna-i-veli-gospod-mu-se-nasmevnal-02.jpg

Пред два дена доаѓа жена во црквата, покрај храна ми побара ако можеме да обезбедиме бојлер, зашто (во 21-ви век) немаат топла вода, не можат да се избањаат како што треба со детето, кое е со посебни потреби.

Утрово, само што ја отворам црквата, доаѓа драга пријателка, без да знае конкретна потреба, остава осум илјади денари, баш колку што ќе треба за бојлерот.

Погледнувам нагоре - се насмевнувам, верувам Господ исто така.

pozitiva-na-denot-crkovno-lice-od-veles-spodeluva-emotivna-prikazna-i-veli-gospod-mu-se-nasmevnal-04.jpg

Вчера, доцна вечерта, ми стигнува мејл, една жена видела линк од некој портал, од пред година и кусур, за проектот на црквата за стипендирање на студенти, па ме прашува дали сè уште го правиме тоа. И велам да, но не без потешкотии и предизвици.

Утрово читам мејл, пратила значителна сума, што ќе ги покрие стипендиите за девет студенти месецов.

Погледнувам нагоре - се насмевнувам, верувам Господ исто така.

Ете, чисто да се охрабрите и да имате увид во тоа како се случуваат работите од ден во ден, дека ова не е просто 'хуманитарна работа', туку милосрдно делување на Божјиот Дух во срцата на луѓето, и во тие што даруваат, и во тие што примаат, а на крај и во мене што само се фалам со Господа и со сите нив!

Благодарност до сите, слава на Бога за сè!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Антониа Гиговска стана заштитно лице на ракометен клуб: „Бев десен бек во основно, знам што значи же... „Од клубот ми кажаа дека ме избрале мене затоа што сакале женско лице, некој што...

Најчитани неделава