„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката

„Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на Каролина Гочева за песната „Дај на сунце“. Слушнете ја новата песна, што се очекува да стане вистински хит и кај нас, но и во регионот.

daj-na-sunce-novata-pesna-na-karolina-gocheva-za-eden-chas-po-objavuvanjeto-ja-osvoi-publikata-01.jpg

Нашата Каролина Гочева денес (13.12) премиерно го објави видео спотот за песната „Дај на сунце“ на нејзиниот YouTube канал, а од утре песната ќе биде достапна и на сите стриминг платформи.

Музиката и текстот на песната се на Дино Мухаремовиќ, а спотот е во режија на Миомир Милиќ.

Станува збор за нова емотивна балада, за која е снимен спот во црно-бела верзија.

Помалку од еден час откако беше објавен спотот а веќе собра голем број прегледи и лајкови.

Во коментарите се нижат голем број пофални зборови, упатени до нашата пејачка и нејзината најнова песна, како од Македонија така и од публиката во регионот.

„Магична како и секогаш. Песнава веќе 30 минути ја слушам одново и одново“;

„Браво“;

„Преубава“ – стои во дел од коментарите под видеото.

Инаку, песната „Дај на сунце“ денес премиерно во 12 часот беше пуштена на српското „Накси“ радио, а Каролина за нив изјави дека станува збор за песна во која е вложено многу љубов.

Погледнете го видео спотот за песната:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...

Најчитани неделава