Жарко Димоски како Здравко Чолиќ – Нашите актери на сцената на манифестацијата „Глумците пеат“

Децата од актерската школа на Весна Петрушевска беа поздравени со громогласен аплауз, на сцената настапија повеќе познати наши актери, кои во рамки на манифестацијата „Глумците пеат“, покажаа што би се случило ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134-та година.

zharko-dimoski-kako-zdravko-cholikj-nashite-akteri-na-scenata-na-manifestacijata-glumcite-peat-01.jpg Фото: Стефан Рајхл

По долгогодишна пауза, манифестацијата „Глумците пеат“, повторно станува една од позначајните кај нас.

Викендов (30.03) нашите најпознати актери застанаа на сцената и повторно запеаја пред публиката во рамки на манифестацијата која се одржува во чест на творецот на ова шоу, нашиот актер Марин Бабиќ.

Манифестацијата се одржа во Македонската опера и балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Темата на овогодинешното шоу беше „Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134 година“.

„Првичната идеја, да ја продолжиме традицијата и замислата на творецот на ова шоу, Марин Бабиќ, прерасна во нешто многу поголемо и околу себе обедини речиси 80 луѓе на сцена и уште толку зад неа“ – велат организаторите на манифестацијата.

На сцената покрај звучните македонски актерски имиња, се појавија и дечињата од актерската школа на Весна Петрушевска, настапија и дамите од женскиот руски хор „Славјанка“ заедно со Бедиа Беговска.

Водители на програмата беа Миланка Рашиќ и Горан Ников, а на Инстаграм се објавени повеќе фотки од актерите кои настапија на сцената.

Погледнете дел од фотографиите од настапите:

Жарко Димоски како Здравко Чолиќ

zharko-dimoski-kako-zdravko-cholikj-nashite-akteri-na-scenata-na-manifestacijata-glumcite-peat-05_copy.jpg

zharko-dimoski-kako-zdravko-cholikj-nashite-akteri-na-scenata-na-manifestacijata-glumcite-peat-04_copy.jpg

zharko-dimoski-kako-zdravko-cholikj-nashite-akteri-na-scenata-na-manifestacijata-glumcite-peat-03_copy.jpg

zharko-dimoski-kako-zdravko-cholikj-nashite-akteri-na-scenata-na-manifestacijata-glumcite-peat-02_copy.jpg

Слаѓана Вујошевиќ како Сертаб Еренер

Маја Андоновска како Тајчи

Слаѓана Вујошевиќ, Нина Деан, Ангела Димитрова и Наталија Теодосиева како XXL

Тања Кочовска и Софиа Насевска Трифуновска како дуото „Azúcar Moreno“

Петар Горко и Жаклина Стевковска

Повеќе фотографии од подготовките зад сцената (кликнете на стрелката од објавата за да ги погледнете):

Б. С. Б. | Фото: Стефан Рајхл/ Огнен Ацевски

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Маж украл фустан од Ивана Кнез на ревија во Милано: „Го облекол и побегнал, заедно со чантата со акс... Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела...
Антониа Гиговска и Благица Павловска снимаа спот, шеф Никола го освети домот - Што прават нашите ѕве... Со фотка од снимање спот на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава