Денес се слави Лазарова сабота – Што се прави на овој ден?

Облечени во бели и невестински фустанчиња девојчињата во повеќе градови во Македонија утрово треба со лазарова песна да го одбележуваат празникот Лазарова сабота, кој секогаш се паѓа еден ден пред големиот христијански празник Цветници, а 8 дена пред Велигден.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-01.jpg

Лазарова сабота, годинава паѓа на 27-ми април, а традиционално секоја година се слави точно осум дена пред големиот христијански празник Велигден.

Овој ден се одбележува во чест на тоа што Исус Христос го воскреснал Лазар 4 дена по неговата смрт, по што тој живеел уште 30 години.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-02.jpg

Се верува дека ова христово чудо се случило точно шест дена пред предавството и убиството на Христос на голгота.

За овој празник се врзуваат голем број обичаи и празници, а на денешен ден именден слават Лазар, Лазе, но и сите имиња што се поврзани со имиња на билки, како Цветан, Цвета, Калина, Јагода...

Иако Лазарова сабота и Цветници се слават како два посебни дена, вистината е дека тие се тесно поврзани па затоа и имендените се слават истовремено.

Според старите обичаи и традиции, во пресрет на Лазарова сабота, домаќинките подготвувале благи колачи, т.н. Лазаринки кои по формата го симболизирале упокоениот Лазар.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-03.jpgфото: Бигорски манастир

Домаќинките ги носеле колачињата наутро во црква и по литургијата им ги раздавале на присутните.

Рецептот за приготвувањето на традиционалните колачиња, можете да го погледнете ТУКА.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-06.jpg

Исто така, според традицијата денес се берат врбови гранчиња и цвеќиња. Врбовите гранчиња се носат во црква и им се раздаваат на верниците.

Според други верувања пак, свежото цвеќе што денес ќе се набере треба да се остави да преноќи во чаша вода и со таа вода сите во домот следниот ден да се измијат за здравје, среќа и благосостојба.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-04.jpg

Исто така, на денешен ден во минатото било традиција немажените млади девојки да се облечат во најубавата облека и да одат од куќа до куќа и да пеат лазарови песни, а домаќините од куќата ги даруваат со дарови.

Оваа традиција и ден-денес е зачувана во голем број македонски градови, но често наместо млади и немажени девојки, лазарските песни ги пеат мали девојчиња облечени во бели и невестински фустанчиња, а како подарок добиваат пари, шноли и други украси за девојчиња.

se-slavi-lazarova-sabota-shto-se-pravi-na-ovoj-den-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден? Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава