Славчо Попоски, метеоролог: „Временски непогоди и можност за поплави во првата седмица од јули“

„Во јули продолжуваат временските непогоди, а ќе биде и многу посвежо“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-vremenski-nepogodi-i-mozhnost-za-poplavi-vo-prvata-sedmica-od-juli-01.jpg

Некако го преживеавме топлотниот бран во јуни, но според анализите на метеоролозите, следниот месец ни носи други температурни екстреми.

Имено, во првата седмица од јули ќе има услови за временски непогоди и поројни дождови, кои на некои места може да предизвикаат и поплави.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Екстремно високите температури кои ги имавме во текот на овој месец, по сè изгледа ќе ги 'наплатиме' со многу посвежо време и со потпросечни температури на воздухот во месец јули.

slavcho-poposki-meteorolog-vremenski-nepogodi-i-mozhnost-za-poplavi-vo-prvata-sedmica-od-juli02.jpg

Во првата седмица од месец јули на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија, температурите ќе бидат многу пониски и потпросечни. Тоа значи - доколку планирате одмор некаде во соседството да го откажете барем, отсега гледано, во првата половина од јули.

Врнежите и во првата седмица од јули ќе бидат многу чести во регионот и во Македонија. Поради ова, очекуваме и нови временски непогоди, а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.

Во ваква ситуација, поради очекуваните ниски температури за месец јули, во алпскиот регион очекуваме и нови обилни врнежи од снег, а снегот би можел да се појави дури и на највисоките планини во Словенија.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Софија Јанева му прослави „половина роденден“ на синот - со половина торта за полнење 6 месеци (фото... „Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, бебето ќе реши да не спие цела ноќ. Но, ...
Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, канал... „Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ...

Најчитани неделава