Миа Костова за синот: „Имаше краток период на гоење, никогаш не сум му давала благо само затоа што е ‘греотка’“
Миа проговори и за минатото, кога Андрија сакал да јаде „нездрава храна“, а таа не му дозволувала.
„Никогаш не се потпирајте на ‘Детенце е, остави го’. Ако не развие свесност, секогаш ќе има мака - и на 12 и на 32 и на 52 години.
Во неговата фаза на гоење кога сите ми викаа 'Остај го, ќе порасне’.
Во Дерми пред 3 години, освен што зборев, бранев голем дел од неговите барања за јадење. Просто, не ги купував или не дозволував да се нарачаат.
Почна да се крие со пешкири и да развива свесност за тоа како изгледа.
Со тоа што, битно е децата да ги насочите кон вистинска исхрана и што е право, а што не, а не кон гладување.
И да, треба да посветите време. Јас сум од оние немодерни мајки кои 12 години готват по најмалку 3 оброци само за него“.
Миа откри и дека син ѝ е на возраст кога не сака таа да споделува негови фотки, но дека овој пат самиот ѝ побарал да го фотографира.
„Тој вика: ‘Уште сликава и не ме постираш повеќе'. А јас велам: 'Сè што помисливте, да се врати дупло“.
А пред да ги заврши разговорите за Андрија, Миа на Инстаграм Стори сподели и видео на кое таа оди подгрбавена, додека синот ја држи под рака ѝ ја крепи.
„Како ќе било за 40 години од сега“ - пишува во описот на видеото.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





