Македонка организираше тајна венчавка во црква за родителите, по 30 години брак: „Двајцата заплакаа од среќа“
И натеравме нивни пријатели да ги викнат во кафеана за тој ден за да можат да ги извлечат од дома.
Им кажаа дека закажале маса во „Ореов лад“ во 17 часот и да бидат спремни на време, а црквата во којашто ние закажавме венчавка беше веднаш до ресторанот во Сарај.

Цел тој ден јас не разговарав со моите на телефон со изговор дека сум во гужва и се спремам за потпишување кај другарката, за да не посомневаат во ништо.

Во 16:30 веќе сите роднини и пријатели бевме пред црквата и чекавме само да ги земат моите од дома и да ги донесат во црква.
Кога тргнале по пат, татко ми се сомневал дека нешто му се спрема бидејќи пријателите биле премногу дотерани за во кафеана.

Кога стигнаа и кога автомобилот сврте во црквата наместо во ресторанот, двајцата беа изгубени, мајка ми почна да плаче, татко ми првично се смееше, а после во црква и тој заплака.
Јас и брат ми бевме пресреќни затоа што знаеме дека им ја исполнивме желбата.

По црквата, бевме во кафеана каде што тато милион пати ми кажа дека ова што сме го направиле е преголемо изненадување за нив, дека е горд што има деца како нас, дека чувствувал дека нешто се спрема ама дека ќе било нешто вакво и толку големо - не очекувал.

Инаку, интересно е што црквата во којашто закажавме венчавка е истата црква каде што јас се венчав претходно и затоа што знам дека им се допаѓаше, договорив да се венчаат таму.
А откога ја закажавме нивната венчавка, црквата беше осветена, дојде г.г. Стефан да ја свети, па моите родители се првите луѓе што се венчаа во осветената црква“.

Погледнете го видеото од изненадувањето:
@cresicka ♬ original sound - cresicka
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело