Се омажи Ивона Јо: „Веќе не сме двајца, туку едно“

Еден месец по запросувањето, Ивона Јо се венча со саканиот Кристијан. Таа е облечена во бело со букет од кали, а Кристијан во раката држи извод од матична книга на венчаните. 

se-omazhi-ivona-jo-vekje-ne-sme-dvajca-tuku-edno-01.jpg

Пејачката Ивона Јо (29) и нејзиниот сакан Кристијан Тодоров (25) се венчаа.

Ивона објави видео на Инстаграм и напиша извадок од Библијата:

„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“.

se-omazhi-ivona-jo-vekje-ne-sme-dvajca-tuku-edno-02.jpg

На видеото, пејачката е облечена во бело, со детали од чипка, а во раката држи букет од кали.

se-omazhi-ivona-jo-vekje-ne-sme-dvajca-tuku-edno-02_copy.jpg

Нејзиниот сакан, пак, носи бела кошула и црно палто, а во раката држат извод на венчани од матично.

За потсетување, Кристијан ја изненади Ивона со прстен на почетокот на јануари. 

se-omazhi-ivona-jo-vekje-ne-sme-dvajca-tuku-edno-02_copy_copy.jpg

По запросувањето, во интервју за CRNOBELO.com, таа откри дека Кристијан е од Свети Николе, а на прашањето „Со што ја освоил“, ни кажа:

„Голем верник, добар човек, одличен соговорник и слушател, епатична душа полна со разбирање, спремен да сослуша и да разговара на секоја тема. Сѐ она што човека го чини човек“.

Кликнете и погледнете го видеото:

Прочитајте и Љубовната приказна на Ивона Јо и Кристијан: „Прстенот го криел другар му, но замрзна патот до вилата - викаа полиција напомош“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава