Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови; најдолго гарантирана фиксна каматна стапка, за првите 10 години од отплатата на кредитот, притоа обезбедувајќи едноставна и транспарентна пресметка на ратата и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

nova-ponuda-za-stanben-kredit-od-ohridska-banka-01.JPG

Новиот концепт се однесува на станбен кредит со 10 години гарантирана каматна стапка која изнесува 3,5% и е наменет за купување, изградба и реновирање на недвижен имот. По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор.

Месечната рата за отплата на кредитот се дефинира од првиот ден и таа останува непроменета сè до истекот на десеттата година од отплатата. Па така, за кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите 10 години е загарантирана и изнесува 174 евра. Додека по десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор. Па така, ако се земе во предвид моменталната каматна стапка од 5,80% плус шестмесечната стапка на Еурибор, ратата би изнесувала 193 евра.

“Покрај станбениот кредит со 5 години фиксна каматна стапка, денес воведуваме нов концепт на станбен кредит кој нуди подолго гарантирана каматна стапка која е навистина атрактивна, во линија на пазарната понуда и нуди еден поинаков пристап кон отплатата. Со каматна стапка од 3,5% во првите 10 години од отплатата на клиентите им нудиме можност уште на самиот почеток да може да ја вкалкулираат висината на ратата во нивните семејни приходи и на тој начин, многу поедноставно, транспарентно, без никакви промени во следните 10 години да го отплаќаат кредитот. Охридска банка постојано го следи трендот на каматните движења на пазарот и нуди кредитни производи кои се поволни, конкурентни и адапирани на барањата на клиентите. Дополнителни поволности нудиме за клиентите кои купуваат станови од инвеститори со кои банката има соработка, за кои гарантираната каматна стапка за првите 10 години изнесува 3,4%, а клиентите се ослободени и од адиминистративни трошоци и трошоци за процена на имот ”, изјави Катерина Јанковиќ, раководител на Дирекција Продажна мрежа.

nova-ponuda-za-stanben-kredit-od-ohridska-banka-02.JPG

Повеќе информации за станбениот кредит со 10 години фиксна каматна стапка, како и за останатите станбени кредити на Охридска банка може да прочитате на www.ohridskabanka.mk

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали „Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на трен...
Александра Шијакоска емотивна за првиот роденден на синчето Риан: „Мама се бореше со животот само за... „Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и ...

Најчитани неделава