Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

shparkase-banka-makedonija-i-ebor-ja-prodolzhuvaat-uspeshnata-sorabotka-za-kreditite-za-energetska-efikasnost-01.JPG

24.2.2020 г. – Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија уште во 2018 година ги препозна предностите и придобивките од финансирањето на проектите за подобрување на енергетската ефикасност во Северна Македонија и генерирање енергетски заштеди на локалниот пазар.

Еко-кредитите за унапредување на енергетската ефикасност ги интегрираат придобивките за домаќинствата, добавувачите на енергетско-ефикасни технологии, како и за заштита на животната средина, која е во фокусот на стратегијата за корпоративна општествена одговорност на Шпаркасе Банка Македонија.

„Како пионери во промовирањето на зелената економија сме особено задоволни од досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој, како и од постигнатите резултати преку финансирање на проектите за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата, како и за унапредување на конкурентноста на малите и средни компании во Република Северна Македонија. 

Преку овие програми на ЕБОР, ние препознавме голем потенцијал за создавање енергетски и финансиски заштеди, кои ја подобруваат благосостојбата на нашите сограѓани, но и на македонската економија во целина“ – изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

shparkase-banka-makedonija-i-ebor-ja-prodolzhuvaat-uspeshnata-sorabotka-za-kreditite-za-energetska-efikasnost-02.JPG

„Денес ја имам привилегијата да потврдам дека соработката со ЕБОР продолжува и во наредните години. Македонските домаќинства имаат сигурен партнер за создавање енергетско-ефикасни домови, со имплементација на технолошки напредни решенија и ултимативно, создавање почиста животна средина за сите.

Со еко-кредитите реализирани со Програмата за поддршка на финансирање на зелената економија (GEFF), корисниците добиваат не само кредит со одлични услови, туку и можност за грант до дури 20% од износот на инвестицијата“ – изјави г-а Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица. 

Шпаркасе Банка Македонија континуирано и посветено работи на промовирање проекти за заштита на животната средина, како еден од најважните делови од стратегијата за општествена одговорност, која цели кон создавање трајни вредности и позитивно влијание врз општеството.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија.

Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.

Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожар... Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од по...
Тоше Проески пееше на Евровизија, гледавме „Млади бунтовници“ – Настани што се случија во Македонија... 2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg