Шест златни медали за вината на „Стоби“ на најпрестижниот вински натпревар „Мундус вини“

Шест златни и еден сребрен медал за вината на „Стоби“ е резултатот што го постигна оваа винарница на престижниот меѓународен вински натпревар „Мундус вини“ кој пред неколку дена се одржа во Германија.

shest-zlatni-medali-za-vinata-na-stobi-na-najprestizhniot-vinski-natprevar-mundus-vini-01.JPG

Врвниот квалитет и уникатниот, препознатлив вкус беа пресудни за стручното жири на овој натпревар да им додели највисоки признанија на вината „Веритас“ од бербите од 2015, 2016 и 2017 година, „Ркацители“ и „Стоби Куве“ од 2019 година и на „Аксиос“ од бербата од 2015 година, додека со сребро се закити виното „Вранец“ од бербата од 2018 година. Покрај освоените медали, винарницата „Стоби“ доби и признание за најдобар производител од Северна Македонија, со што го заокружи исклучително успешното претставување на годинешното издание на „Мундус вини“.

- Успехот што го постигнавме на овој престижен натпревар е огромен бидејќи нашите вина освоија највисоки признанија во конкуренција на повеќе од 7.500 вина од целиот свет. Навистина е огромна чест и задоволство да се освојат шест златни медали во најсилната светска конкуренција, но во исто време тоа ни наметнува уште поголема обврска да продолжиме да креираме вина кои по својот квалитет ќе стојат рамо до рамо со најпознатите вински производители од целиот свет – изјави Ана Јорданова, креативен директор на винаријата ,,Стоби’’.                  

shest-zlatni-medali-za-vinata-na-stobi-na-najprestizhniot-vinski-natprevar-mundus-vini-02.JPG

„Мундус вини“ е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари во светот. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од висококвалификувани судии – енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија. Наградените вина на „Стоби“ на годинешното издание на овој натпревар ќе бидат изложени пред стручната јавност и посетителите на еден од најголемите вински саеми во светот „Провајн“ во Дизелдорф што ќе се одржи следниот месец.  

Би можело да ве интересира:

Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Браво! Семејството на херојот Кико донираше половина милион денари од собраните пари за друго болно ... Семејството на Кико кој неодамна ѝ подлегна на болеста направи големо хумано дел...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
„Карпетина од човечиште си ти“ - Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на Димитар Атанасовски „Не мора медал догодина, најголем медал на светов сте ми вие… Може да ми честита...
Тура на убавина низ Македонија: Светлана Црнокрак - гостиварка, Јелена Јованова - штипјанка Каролина Гочева е од Битола, Снеже Велков од Македонска Каменица, а манекенката ...
Фудбалерот Давид Бабунски наполни 30 години: Прослави со сопругата и 3-те деца во Будимпешта Со торта со сини и златни детали, фудбалерот Давид Бабунски го прослави својот 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg