Интервју со Анита Блажевска, Менаџер за корпоративни прашања во Филип Морис ТКП: Веруваме дека сме на добар пат еден ден сите пушачи да ги увериме да преминат кон подобра алтернатива

intervju-anita-blazhevska-menadzer-za-korporativni-prashanja-so-filip-moris-tutunski-kombinat-prilep-01.JPG

Веќе подолго време и нашата земја настојува да се приклучи кон глобалниот тренд на контрола, односно превенција на пушењето и да го заштити населението од тутунскиот чад. Она што доаѓа како изненадување е дека најголемата тутунска индустрија во светот веќе неколку години ја води истата битка.

Имено, компанијата Филип Морис Интернешнел, свесна за промените во општеството и новите барања, одлучи да биде дел од таа промена која позитивно ќе влијае на здравјето на пушачите, нивната околина, но и на јавното здравје во целина.

За новата стратегија на Филип Морис, за производот кој го загрева но не го гори тутунот - IQOS и тоа кога тој ќе биде достапен и на македонскиот пазар, зборуваме со Анита Блажевска, менаџер за корпоративни прашања во Филип Морис-ТКП.

Прашање: Филип Морис Интернешнел (ФМИ) по многу нешта е единствена компанија. Таа на некој начин го шокираше светот со промена на својата деловна политика и стратегија и промовирање на идејата за иднина без чад од цигарите. Која е причината за ваква радикална промена кај еден тутунски гигант?

Филип Морис не е само најголем производител на тутунски производи во светот, со едни од најпопуларните светски брендови на цигари кои станаа своевидни икони низ времето, туку со децении е и една од најголемите компании во светот. А секоја компанија која сака да остане на врвот мора да води сметка, не само за своите моментални биланси, туку и за желбите и плановите на своите потрошувачи.

Сфативме дека нашите потрошувачи сакаат да прават подобар избор кога е во прашање нивното здравје и дека милиони мажи и жени кои пушат цигари бараат помалку штетни алтернативи на пушењето.

Затоа направивме темелна промена и ја насочивме својата визија, комуникација и ресурсите во комплетно спротивна насока од онаа во која компанијата се движеше повеќе од еден и пол век. Иднината на Филип Морис е иднина на производи со помала штетност кои не создаваат чад и кои се многу подобар избор од цигарите.

Наша визија е овие производи еден ден целосно  да ги заменат цигарите.

intervju-anita-blazhevska-menadzer-za-korporativni-prashanja-so-filip-moris-tutunski-kombinat-prilep-03.JPG

Прашање: Ова е навистина радикална промена која ќе влијае на целата тутунска индустрија. Како се одвиваше овој процес?

Филип Морис свесно одбра дека токму свет без тутунски чад треба да биде нашата визија за иднината. Ние секогаш бевме предводници во иновации и пионери во промена на начинот на размислување, така што е сосема природно ние да ја предводиме промената и сега.

Како најголема компанија, ние носиме и најголема одговорност да бидеме први во давање придонес кон подобра иднина за нашите потрошувачи. 

Оваа визија ние ја градиме повеќе од деценија, период во кој вложувавме во истражување и развој на технологија која ќе овозможи намалување на ризикот при користењето тутунските производи.

Вложивме преку 7 милијарди долари во развој на производи со намалена штетност, на оваа проблематика работат над 400 научници во два големи истражувачки центра во Швајцарија и Сингапур. Возрасните пушачи бараат помалку штетни алтернативи и наша обврска денес, кога сме во можност, е тоа и да им го понудиме.

Овие нови производи секако се наменети само за возрасни активни пушачи кои не сакаат да се откажат од пушењето, а не за оние кои никогаш не пушеле или пак за оние кои се откажале од пушење.

Прашање: IQOS е револуционерен производ кој не само што ја смени културата на пушење, туку ги помири двете досега непомирливи страни – пушачите и непушачите.

Може да се каже дека тоа е точно. IQOS (ајкос) е нов, револуционерен начин на конзумирање тутун. Ова е прв и засега најразвиен изум на кој го темелиме градењето на иднина без тутунски чад. Со помош на овој електронски уред се загрева, а не гори тутунот, па со тоа нема огин, чад, катран или пепел.

Аеросолот кој се создава со користењето на IQOS во просек содржи до 95% помалку штетни и потенцијално штетни супстанци во споредба со чадот кој настанува како резултат на пушењето цигари.

Нема чад, што значи дека не постои ниту пасивно пушење и со тоа негативно влијание врз квалитетот на воздухот во просториите, а што досега беше непремостлива пречка за изнаоѓање решенија кои би ги задоволиле и пушачите и непушачите. Покрај другите предности, ова исто така го прави производот посебен.

Прашање: IQOS е глобално присутен веќе 6 години. Какви се резултатите? Дали производот е прифатен од пушачите како алтернатива на цигарите?

Досегашните резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат и дека ги исполнуваме очекувањата на возрасните пушачи. Требаше да го споиме традиционалниот ритуал на пушење со софистициран електронски уред кој го загрева тутунот до 350 степени, за да го ослободи својот вистински вкус.

Конечен доказ дека сме направиле добар производ е што над 10 милиони возрасни пушачи во светот преминаа од традиционалните цигари на IQOS, што го прави успешна бездимна алтернатива денес.

Достапен е во 51 земја ширум светот, а најголем успех забележа во Јапонија. Како резултат на IQOS и на производите со слична технологија, четвртина од пушачите во Јапонија преминаа на помалку штетни алтернативни производи.

intervju-anita-blazhevska-menadzer-za-korporativni-prashanja-so-filip-moris-tutunski-kombinat-prilep-02.JPG

Прашање: Дали сметате дека навистина еден ден иднина без чад од цигарите ќе стане реалност?

Видете, при вакви брзи промени во светот кој ги наметнува глобализацијата и брзиот начин на живеење, секогаш може да се избере да не се прави ништо. Но, наместо тоа, ние решивме да направиме нешто сосема различно и затоа поставивме нов курс за компанијата.

Затоа веруваме дека сме на добар пат сите пушачи еден ден да ги увериме да преминат на овие, далеку подобри помалку штетни тутунски производи. За тоа е потребно време, но сигурни сме дека до тоа ќе дојде.

Нашата визија е и овие производи да станат во иднина икони на Филип Морис и еден ден ФМИ да биде познат по тоа дека направил целосна замена на цигарите со портфолио на нови револуционерни производи со намалена штетност.

Прашање: Дали сметате дека и во Македонија, каде постои култура на „кафе и цигара“, пушачите ќе ја препознаат неговата вредност?

Свесни сме за ритуалот и поради тоа направивме производ што е помалку штетен. Кога производот ќе биде на пазарот, пушачите ќе можат и натаму да уживаат во тутунот, но со помали негативни ефекти како по нив самите, така и по нивната околина.

Веруваме дека фактот што се користи вистински тутун, а од друга страна, штетноста споредено со цигарите е помала, ќе придонесе потрошувачите да ја препознаат вредноста на овој производ.

Прашање: Нашата земја веројатно е меѓу последните во регионот каде го нема IQOS. Дали и македонските пушачи наскоро можат да очекуваат да ја добијат помалку штетната алтернатива?

Toa e точно. IQOS го има во Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Грција, што значи скоро секаде во регионов. Во земјава пречка досега беше што не постоеше законска регулатива која ќе овозможи негова легална продажба.

Кон средината на минатата година беа донесени новиот Закон за тутун, тутунски и сродни тутунски производи и Законот за акцизи со кои нашето законодавство се усогласува со директивите на ЕУ кои ја регулираат продажбата на овие производи.

Не можам да ги кажам сите детали околу комерцијализацијата на овој производ кај нас, но она што можам да кажам е дека наскоро ќе бидеме во можност да им го понудиме на нашите корисници овој врвен производ. 

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид „Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg