Виртуелно доживување за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби

За првпат во нашата држава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото.

virtuelno-dozhivuvanje-za-posetitelite-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi01.jpg

На социјалните медиуми веќе се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од н.е.

virtuelno-dozhivuvanje-za-posetitelite-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-01.jpg

Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот "Откривање на римскиот град Стоби - Виртуелено искуство" со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби преку обезбедување на нови искуства на локалитетот. Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика.

virtuelno-dozhivuvanje-za-posetitelite-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-02.jpg

Апликацијата за виртуелна реалност ќе им овозможи на посетителите на Стоби да добијат предно седиште во 3Д реконструираниот театар и на тој начин да ја доживеат гладијаторската борба како дел од публиката во гледалиштето. Целото искуство ќе биде збогатено со автентичната атмосфера карактеристична за еден ваков настан, како и со големината и монументалноста на овој империјален објект.

virtuelno-dozhivuvanje-za-posetitelite-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-03.jpg

Проектот е поддржан од Регионалниот Совет за Соработка (Regional Cooperation Council) и финансиран од Европската Унија, а го реализираат Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од Скопје и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

virtuelno-dozhivuvanje-za-posetitelite-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-04.jpg

Оваа новина на локалитетот Стоби многу скоро ќе биде достапна за посетителите, а дотогаш следете ги сите новости на каналите на социјалните мрежи на локалитетот - Facebook и Instagram

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...

Најчитани неделава