Д-фестивал 2020 со поддршка на кампањата „Гласно против гласини“

„Д-Фестивал“ се приклучува кон кампањата „Гласно против гласини“, како уште еден начин на поддршка и придонес во борбата против гласините кон жените што доведуваат до родови стереотипи и предрасуди. Фестивалот се придружува во борбата против стигматизација на жените во општеството заснована врз основа на приказни и верувања, сомнежи и невистини.

d-festival-2020-so-poddrshka-na-kampanjata-glasno-protiv-glasini-01.jpg

Кампањата „Гласно против гласини“ е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и има за цел да го сврти вниманието на јавноста против гласините насочени кон жените Ромки, жените од руралните средини, жените со попреченост, жените со религиозно обележје, жените-мигрантки и младите жени. Овие гласини се најчесто резултат на долгогодишни родови стереотипи и родови предрасуди кои за жал се уште постојат во нашето општество, а имаат негативен ефект и придонесуваат кон создавање нееднаквост на овие групи во општеството. Клучен приоритет на кампањата е да поттикне позитивна општествена промена, со цел промовирање еднакви права и подобрување на положбата на жените во општеството.

Годинешното издание на „Д-фестивал ќе се одржи на 22.08.2020 г. во Дојран. Следете ги мерките, почитувајте ги препораките и забавувајте се безбедно на овој музички спектакл,

истовремено вклучувајќи се во борбата против гласините за жените!

#СекојаЕднаЕВредна

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава