Винаријата „Сковин Група“ со новата берба ја продолжува традицијата на производство на вино од Скопскиот регион

Винаријата „Сковин Група", најновата странска инвестиција во винската индустрија во нашата држава, оваа година ја започна бербата за 2020 година со грозјето Шардоне од лозовите насади лоцирани близу Марков Манастир. 

vinarijata-skovin-grupa-so-novata-berba-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-proizvodstvo-na-vino-od-skopskiot-region-01.jpg

- Оваа винарија располага со 600 хектари на лозови насади, а оваа година ја почнуваме бербата со грозјето Шардоне од кое очекуваме доста квалитетно вино. Оваа година беше напорна и многу тешка за сите во винската индустрија, но почетокот на оваа берба која очекуваме да биде исклучително квалитетна, дава надеж за продолжување на приказната за вековната традиција на производство на вино од нашето Скопското виногорје. Сигурни сме дека оваа берба ќе биде плодна и нашата визба ќе продолжи со производство на високо квалитетно македонско вино со препознатливиот Сковин бренд во ново руво, велат од  „Сковин Група“.

Традицијата на оваа винарија датира од 1979 година и е првенец во производство на домашно вино од Скопскиот вински регион, денес располага со капацитет од 17 милиони литри вино кое се пласира на домашниот и неколку интернационални пазари. Винаријата „Сковин Група“ продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина, почитување на традицијата и негување на љубовта кон виното. Со новата берба и новите стратешки насоки на винаријата, очекувањата се да се продолжи пласманот на вината во регионот, на пазарот во Европската Унија како и на сите интернационални пазари, вклучувајќи најнови лансирања на вина во Азија.

vinarijata-skovin-grupa-so-novata-berba-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-proizvodstvo-na-vino-od-skopskiot-region-02.jpg

- Виното го креира начинот на живот на луѓето, производството на вино е старо колку самата историја и наоѓа место во уметноста, литературата, религијата и митологијата. Нашата држава се истакнува во многу легенди, летописи и митови кои ја нарекуваат татковина на виното. Љубовта кон ова традиционално производство на виното е истрајна, постојана и ќе продолжи во иднина со посветената работа и континуирани инвестиции во квалитетот на лозјата, а со тоа и во виното, додаваат од винаријата „Сковин Група“.

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...

Најчитани неделава