Македонска компанија разви иновативно решение зе мерење на загадувањето

Луѓето насекаде низ светот ги чувствуваат негативните ефекти од воздушното загадување. Најновите истражувања покажуваат дека скоро 90% од луѓето во светот дишат загаден воздух, што причинува прерана смрт на преку 4 милиони луѓе глобално.

makedonska-kompanija-razvi-inovativno-reshenie-ze-merenje-na-zagaduvanjeto-01.jpg

За среќа, свеста за поврзаноста помеѓу човековото здравје и загадениот воздух е се’ повисока и во последните години активно се бараат одговори на ова клучно и секогаш актуелно прашање. Македонската компанија Информ ДОО мотивирана од овој проблем го разви иновативното решение – PURECLOUD!

Зачетокот на барање на решение за некој проблем започнува од утврдување и анализирање на причинителите зад тој проблем: што го причинува? Зошто тоа се случува? Потоа, на база на тие податоци се изготвува стратегија за решавање на проблемот. PURECLOUD е иновативен уред кој го мери загадувањето на микролокација, ги собира податоците и ги складира на cloud, за потоа истите да можат да се споделуваат и да се користат во понатамошни проучувања. Загрижени од сериозно високото ниво на загадување, група домашни експерти и еколошки ентузијасти во изминатиот период во соработка со ФЕИТ и поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој, напорно работеа на создавање уред кој ќе овозможи детален преглед на веродостојни податоци за загадувањето на воздухот. Дизајниран со цел да им користи на еколошките инспектори, надлежните служби и компаниите да го следат нивото на загадување, PURECLOUD прерасна од замисла полна надеж во реалност, која веќе почна да се употребува во пракса.

makedonska-kompanija-razvi-inovativno-reshenie-ze-merenje-na-zagaduvanjeto-02.jpg

Велат: „Знаењето е моќ“ и тоа е навистина така, бидејќи за наоѓање одговор на некое прашање секогаш е клучно претходно стекнатото знаење и сознанијата кои ги имаме на темата. Податоците кои ги собира PURECLOUD преку мерење на квалитетот на воздухот можат да помогнат многу повеќе отколку само да ни ја дадат вистинската слика за загадувањето. Тие нудат детални информации за причината и количината на загадување, кои ќе им бидат од корист особено на властите и одговорните страни да воведат ефикасни регулации за животната средина, со цел намалување и елиминирање на штетните ефекти од загадувањето.

Само во Македонија на годишно ниво се забележуваат по повеќе од 2.500 случаи на прерана смрт од заболувања и компликации предизвикани од воздушното загадување. Прекумерната емисија на штетни гасови од компании, возила и неодговорни индивидуалци има последици на сите членови на заедницата, а одговорноста за решавање на овој проблем ни припаѓа на сите, но најмногу на компаниите и индустриите кои се главни загадувачи, како и на регулаторните тела кои ги предлагаат мерките за заштита.

makedonska-kompanija-razvi-inovativno-reshenie-ze-merenje-na-zagaduvanjeto-03.jpg

Откривањето на причините кои го создаваат проблемот само ја посочуваат насоката, но преземањето акција е првиот чекор кон наоѓање на решението. Она што PURECLOUD го нуди како платформа е многу корисно за одговорање на прашањата кој, како и каде загадува, бидејќи благодарение на GPS сензорите може да ја утврди точната локација на изворот на загадување. Ваквите општествено-корисни проекти имаат широка употреба и глобален потенцијал, што може во иднина да доведе до реални и ефикасни политики за намалување на загадувањето на воздухот.

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...

Најчитани неделава