Халкбанк е прва банка на пазарот што воведува плаќање со Garmin паметен часовник

Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, креираше производ, Garmin Pay, кој овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, со што стана и прва банка на пазарот што воведува плаќање со паметен часовник.

halkbank-e-prva-banka-na-pazarot-shto-voveduva-plakjanje-so-garmin-pameten-chasovnik-01.jpg

Со Garmin Pay нема потреба да носите телефон, паричник, картички или готовина. Оваа услуга е создадена за луѓе што секогаш се во движење и овозможува и во ситуации кога ќе го заборавите или едноставно ќе го оставите својот паричник или банковна картичка дома, сепак да можете да ги извршите сите набавки и плаќања.

Сопствениците на Mastercard картичкииздадени од Халкбанк, преку апликацијата Garmin Connect можат едноставно да ги дигитализираат своите картички и да го активираат Garmin Pay. Со успешно дигитализирање, се овозможува брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот паметен часовник Garmin.

Услугата Garmin Pay е достапна насите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. Внесете ја вашата лозинка, изберете ја картичката со која сакате да направите плаќање и потоа држете го вашиот часовник близу читачот на ПОС терминалот. Плаќањето е извршено и можете да продолжите со своите активности.

Повеќе информации може да најдете на веб страницата на Халкбанк.

Би можело да ве интересира:

„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава