€15 милиони кредит од ЕБОР за ПроКредит Банка Македонија

15-milioni-kredit-od-ebor-za-prokredit-banka-makedonija-01.jpg

  • Ново финансирање од €15 милиони за поддршка на македонскиот бизнис во време на  несигурност;
  • Краткорочно финансирање како поддршка  од ЕБОР на економиите во време на Ковид-19 кризата;
  • ЕБОР пружа поддршка преку Пакетот за солидарност.

Кредитот до €15 милиони од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за ПроКредит Банка C.Македонија (ПКБМ) ќе им помогне на локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија во справување со економските последици од пандемијата на Корона вирусот .

Средствата на ЕБОР ќе се искористат за ликвидност на малите бизниси кои имаат намалување на активностите и приходите, како последица од проширувањето на вирусот.

Долгорочниот партнер на ЕБОР, ПКБМ е основана во 2003 година, и денес е шестата најголема банка во Северна Македонија. Банката е специјализирана за финансирање на ММСП, а нејзиниот пазарен удел во овој сегмент изнесува 14%.

Со овој кредит ЕБОР покажува доверба во ПКБМ, македонскиот банкарски сектор и во отпорноста на Македонската економија.  

„ ПроКредит Банка веќе 17 години успешно ја поддржува македонската економија и е докажан партнер на малите и средни претпријатија во земјата. Нашиот успех се должи на на долгорочниот, партнерски однос, транспарентност во комуникацијата со клиентите, високиот квалитет на услуга и одговорното кредитирање. 

Како одговорна банка, во ситуација на намалена економска активност поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид, стоиме позади нашите клиенти. Во ситуација на зголемена неизвесност важно е банката партнер на своите клиенти да им обезбеди средства кои се неопходни за понатамошна стабилизација и раст. 

Значајна подршка претставува кредитната линија од ЕБОР, со која дополнителни средства во износ од €15 милиони, ќе бидат пласирани во македонското стопанство.“ – изјави Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави:Горди сме што го потпишуваме овој договор денес со Прокредит Банка Македонија и со тоа го прошируваме партнерството на нашите две институции. Одличната историја на ПКБМ во опслужувањето на Македонските ММСП, како и нејзината одличната позиционираност на пазарот во земјата, ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување на помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност. Со потпишувањето на овој договор, ЕБОР обезбедува вкупно 35 милиони ЕУР ликвидност за бизнисите во Северна Македонија преку Пакетот за солидарност, продукт развиен за да се помогне на економиите во земјите каде ЕБОР е активна, а кои се погодени од Ковид кризата. 

Кредитот на ЕБОР е доделен од Пакетот за солидарност на Банката, која обезбедува мерки за поддршка на постоечките клиенти врз кои влијае кризата од Корона вирусот. По појавување на пандемијата, ЕБОР направи значајни отстапки во ангажманот во оваа насока и очекува да инвестира €21 милијарда , во периодот 2020-2021 година за да се справи со влијанијата од Ковид-19.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес, има инвестирано над €2 милијарди во 134 проекти во земјата.

Би можело да ве интересира:

20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg