Нови и неодоливи Вива 100% Цедени сокови

(Скопје, 16.12.2020) - Усовршувајќи ја вештината на создавање на овошни сокови и пијалоци, ВИВА го прошири своето портфолио во нова категорија на 100% Цедени сокови.

novi-i-neodolivi-viva-100-cedeni-sokovi-01.jpg

Овозможувајќи им максимално уживање на своите потрошувачи и користејќи ги најквалитетните јаболки и капини од македонско поднебје, новата категорија од 1 литар содржи два производи, 100% Цеден сок од капина и јаболко и 100% Цеден сок од јаболко. Цедените сокови се 100% природни, без додаден шеќер, вода и конзерванси.

„Со години го усовршуваме исклучителниот вкус и процес на создавање на врвен квалитет на секој наш проиозвод. Веруваме дека извонредниот квалитет на новите цедени сокови се должи пред сè на користењето на овошја од македонско поднебје, посветеноста и ентузијазмот на нашите вработени, како и на користењето на најсовремената линија за преработка на свежо овошје и зеленчук во регионот. Со менувањето на начинот на живот се бараат и поавтентични производи, а во исто време здрави и полни со витамини кои ни даваат енергија во текот на целиот ден. Токму затоа, новите сокови ги будат убавите спомени на природно подготвените цедени сокови од нашите баби и мајки за секој период од денот.” - изјавија од менаџерскиот тим на Вивакс.

novi-i-neodolivi-viva-100-cedeni-sokovi-02.jpg

Новите цедени сокови се достапни во картонска амбалажа со што компанијата е единствена на пазарот која произведува цедени сокови во еко-разградливо пакување.

Од своите почетоци до денес компанијата Вивакс стана препознатлив бренд по своите премиум Вива овошни сокови и пијалоци наменети за сите генерации, сопствената преработка на овошје и зеленчук и производство на каши, правејќи ја компанијата една од најуспешните компании во регионот и пошироко.

novi-i-neodolivi-viva-100-cedeni-sokovi-03.jpg

novi-i-neodolivi-viva-100-cedeni-sokovi-04.jpg

novi-i-neodolivi-viva-100-cedeni-sokovi-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...
„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...
Јелена Спенџарска на прослава на Божиќ кај дечкото од Солун – Сподели фотки со семејството „Ова ќе ни прерасне во традиција, еден Божиќ ќе го славиме на море, друг на план...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Ксенија Николова со фотки од плажа, по тешкиот период: „Сакаме сè да ни е подредено под конец, но жи... „Сите сакаме да ни биде сѐ подредено, под конец, како што сме замислиле. Ама жив...
Туна Сејдиу ужива на одмор со синовите во Бодрум - згодна во мини здолниште и кроп-топ со тетоважа п... Туна (38) на летувањето во Бодрум покажа дека е во топ-форма, облечена во мини з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg