Македонија2025 со поддршка за талентираните млади: Отворен повик за стипендирање на десет средношколци

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани млади за тековната 2021/2022 година.

makedonija2025-so-poddrshka-za-talentiranite-mladi-otvoren-povik-za-stipendiranje-na-deset-srednoshkolci-01.jpg

По успешноста на пилот-проектот, Македонија2025 обезбеди средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60.000 денари, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат за месеците во кои се одвива настава (јуни, септември-мај).

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите STEM;
  • Предност ќе имаат средношколци кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен финансиски приход во семејството под 30.000 денари месечно.

За повторно аплицирање за стипендија во текот на наредните години, стипендистите треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата.

Студенти не се опфатени во овој повик, со исклучок студенти наши корисници од претходни години.

Начин на аплицирање

За да аплицирате, потребно е да ги доставите следните документи на македонски јазик:

  • Биографија – (CV Europass или друга слична форма);
  • Потврда за успех (просечна оценка);
  • Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини (не постари од 5 години);
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (задолжително во мотивационото писмо да се наведе дали кандидатот/ката е корисник на друга стипендија);
  • Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството (потврда за приходи на родителите од УЈП и Потврда за редовен работен однос со вклучена висина на личен доход);
  • Најмалку 1 препоракa од професори/релевантни институции или индивидуи.

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, платени пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите исто така ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Македонија2025.

Крајниот рок за испраќање на документите е 15.03.2021 год. (повикот се затвора во 23:59 часот) и треба да ги доставите електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактирани најдоцна до 15.04.2021 год. откако ќе заврши процесот на административна селекција. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

Дополнителни  напомени

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за Донација, каде се дефинирани сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат месечни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

Би можело да ве интересира:

„За многу години“ – Првите три велигденски јајца во домовите на познатите Македонци „Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велик...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Светлана Црнокрак, Антониа Гиговска - Познати Македонки кои станаа мајки во своите рани 20-ти години Калиопи, Надица Георгиева, Ирена Спировска, ги родија своите деца пред да наполн...
На 13 години од смртта на Гоце Арнаудов, Елвир Мекиќ емотивен: „Ти благодарам за сè што направи за м... Легендарниот Гоце Арнаудов, кој секогаш имаше насмевка на лицето, убава енергија...
Мелита Ракичевиќ: „Плукав крв, стресот беше огромен и по 18 години ѝ кажав збогум на телевизијата“ „Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од теле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg