Шилегов: Брзиот автобуски превоз чини 10 пати помалку од „Скопје 2014“

shilegov-brziot-avtobuski-prevoz-chini-10-pati-pomalku-od-skopje-2014-01.jpgФото: Фејсбук Град Скопје

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“ образложува колку ќе чини проектот за брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“: „Финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги за реконструкција на булеварите во градот, автобуските постојки и две депоа и административна зграда за Линија 1 ќе чинат 31.2 милиони евра.

Или, споредено со т.н. проект „Скопје 2014“, 5-6 милиони евра помалку од партискиот музеј со восочни фигури (околу 17 милиони евра) и „Панорамското тркало“ (19.75 милиони евра). Набавката на нови нископодни автобуси за Линија 1 кои работат на компримиран природен гас („CNG“) / хибрид CNG, ќе чини 9.8 милиони евра, еден милион помалку од двете фонтани на плоштад Македонија и „Воинот на коњ“ кои заедно чинат над 10.8 милиони евра. Набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки и интегрирање на крстосниците во Центарот за управување со сообраќај за Линија 1 ќе чини околу 6.1 милиони евра, или помалку од „Порта Македонија“ која чини над 6.3 милиони евра.“

Според Шилегов, за Линијата 2 од БРТ, финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги ќе чини 11.1 милиони евра, или 6.5 милиони евра помалку од фасадата на Владата за која Груевски потроши околу 17.7 милиони евра. Шилегов укажува и дека набавката на нови нископодни автобуси за линија 2 и набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки ќе чинат околу 11 милиони евра или околу 3 милиони евра помалку од парите што ги потроши град Скопје за пре-фасадирање на предниот дел од постојните згради во центарот на градот, во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Севкупно, проектот за воведување на брз, ефикасен, економичен и еколошки транспорт во Скопје ќе чини околу 70 милиони евра за двете линии или речиси 10 пати помалку од т.н. проект „Скопје 2014“ – поентира Шилегов во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“, објавена во денешен „Слободен печат“.

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
„Четирипати си ги пакував куферите, знаев дека аферата за сопругот е измислена“ - Тијана Дапчевиќ ис... „Имаше кризи. Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, ...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Слаткар 4 месеци по трагедијата во Кочани: „Не можев да спијам со денови, па јас 8 пати сум настапув... „Јас сум пеел во тоа место 8 пати, јас сум им пеел на тие деца таму. Да, мене ми...
Ивана Кнез, нерасположена, си направи празнични фотки со AI: „Збогум 2025-та, ми го искрши срцево не... Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откак...

Најчитани неделава