Доцна во ноќта зачука срце кај младо момче – Направена е втора трансплантација на срце во Македонија

Успешно е направена втората трансплантација на срце во историјата на македонското здравство - во 3 часот и 33 минути утринава, 27-годишно момче доби „втор живот“ кога срцето донирано од прерано почината девојка зачука во него, откако семејството одлучи хуманоста да ја стави на прво место во најтешките мигови.

docna-vo-nokjta-zachuka-srce-kaj-mlado-momche-napravena-e-vtora-transplantacija-na-srce-vo-makedonija-1.jpg

Здравството во Македонија испиша историја кога во мај 2020-та беше направена првата трансплантација на срце во координација со Министерот за здравство и тимот составен од професионалци, откако семејството на Емилија Динева се согласи да ги донираат нејзините органи. 

Сега, речиси една година подоцна, се изврши и втората трансплантација на срце во историјата на македонското здравство.

За жал, животот на млада пациентка згасна, а како што изјави Филипче, нејзиното семејство дало согласност за донација на органи. Во тие тешки мигови, семејството на младата девојка ја донело оваа хумана одлука – да спасат друг млад живот.

Во текот на денот беше пронајден соодветен реципиент кој ќе може да го прифати срцето на починатиот донор.

На 17-ти април, на полноќ, Министерот Филипче објави дел од тимот на Кардиохирургија кои беа дежурни вечерта кога се вршеше трансплантацијата.

„Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа“ – напиша тој на Фејсбук.

?__cft__[0]=AZV-6X1P6LtJM8C0TIaW3SvssoLhJ9QIGeLbvQbiHDxYYxm0BouOioSHyyJ035oBXzgcPlY6O-fy58vSWMEb9YfpBqTWNL3rcWPVouy56MDZM_QARz-pLfdKwehSi5FSTwW7-__MlSazErNzXIIgeH_h&__tn__=%2CO%2CP-R

Неколку часа подоцна, доцна во ноќта, трансплантацијата заврши успешно, а донираното срце почна да чука и му даде втор живот на младо момче.

Министерот Венко Филипче објави фотографии и напиша: 

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

Горд сум на моите колеги!

?__cft__[0]=AZWHNYHSXJ_ikxVBTHEzSK4kwGeEB0cPpje6TZbRPh5g2436r5vt2RRt3VGVqvqr8lhUp9IjKdx4AGeOic0vYJLzEfaYazBREtA3yZSRW1iNZEvGgq2g-ouAj2u1nXH0a0TYOQc7Mv-wtpB_qZU3am-O&__tn__=%2CO%2CP-R

На својот Фејсбук профил, Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија на Клинички Центар „Мајка Тереза“ напиша моќна и емотивна објава:

„Хируршкиот конец, везе Историја! Рано утрово пулсот на Државна Кардиохирургија во својот омилен "sinus rhythm"! Доказ дека секое "срце" е душа, и само ако така лекуваме тогаш оваа наша професија вечно ке пулсира со успех!

Втора трансплантација на срце во Македонија!“

docna-vo-nokjta-zachuka-srce-kaj-mlado-momche-napravena-e-vtora-transplantacija-na-srce-vo-makedonija-3.jpgфото: Фејсбук

Секоја чест за семејството на починатиот донор, кое во најтешките мигови на тага и болка, откако ја загубија својата сакана, не заборавија на хуманоста.

Секоја чест за професионалниот медицински тим кој овозможува нов живот за пациентите.

А, на младиот пациент кој го доби срцето, му посакуваме одлично здравје!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Срцето ти се радува“ - Актерот Владо Јовановски стана дедо, пее со син му на мекици за внукот „Етеее и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо... На секого му посакувам...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава