Здравствените работници во Борис Трајковски танцуваат на „Вакцина“ - новиот пандемиски хит на Александар и Дац

Дац и Александар ги насмеаја повторно фановите со нивната нова песна „Вакцина“, а и дел од медицинските лица не останаа рамнодушни - тие го почнаа работниот ден танцувајќи на новиот хит.

ljubov-i-optimizam-za-pobrz-izlez-od-pandemijata-medicinskite-rabotnite-go-pochnuvaat-denot-tancuvajkji-na-novata-pesna-na-dac-i-aleksandar-01.jpg

Дац и Александар направија уште еден „пандемски хит“ за да ја прослават годишнината од објавувањето на „Корона чао“, но и за да им го подобрат расположението на своите сограѓани.

Новата песна, насловена „Вакцина“, има хумористичен текст и веднаш им се допадна не само на фановите на Дац и Александар, туку и на медицинските лица.

На официјалната Фејсбук страница на познатите македонски музичари беше споделено видео снимено во салата Борис Трајковски, на кое се гледаат неколку медицински лица кои танцуваат на новата песна пред да почнат со работниот ден.

„Рано насабајле пред почеток на работно време, химна за старт на денот на нашите доктори и медицински сестри. Љубов, оптимизам и позитивна енергија, заедно со почитување на мерките – за побрз излез од пандемијата“, пишува во описот на видеото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
18 години без Тоше, блиските се сеќаваат на него: „Откако си замина го обои октомври во најтажните б... „6 часот и 20 минути, кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот.&...
Александра Шијакоска со потег за пофалба: „Секоја година реновирам по една соба во домот на моите ро... „Секоја година си реновирам по една соба во куќата на родителите. Ова е дневната...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Александар Динев: „На 15 години имав обид да си го одземам животот“ „Кога почнаа да стигаат тие негативни коментари, особено пораки дека сакаат да м...

Најчитани неделава