Лајкамобајл во партнерство со Меѓаши и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2,000 ученици со потешкотии во следење на онлајн наставата

Лајкамобајл во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија започнаа акција за помош и поддршка на ученици од основните и средните училишта кои немаат соодветен пристап до интернет поради социјалната состојба во која се наоѓаат и не се во можност редовно да ја следат наставата на далечина до крајот на оваа учебната година.

lajkamobajl-vo-partnerstvo-so-megjashi-i-povekje-opshtini-obezbedi-besplaten-mobilen-internet-za-2-000-uchenici-so-poteshkotii-vo-sledenje-na-onlajn-nastavata-001.jpg

За оваа цел Лајкамобаjл донира 2000 СИМ картички со тарифен пакет Mega Data кој вклучува интернет од 20 Гигабајти месечно, којшто учениците може да го користат бесплатно и без дополнителни трошоци секој од следните месеци до крајот на јуни 2021 година. Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 2000 ученици на кои им е неопходен непречен и брз пристап до интернет, во над 50 основни и средни училишта од следните општини: Гази Баба и Аеродром Скопје, Дебар, Гостивар, Маврово и Ростуше, Велес, Виница, Берово, Битола, Охрид, Шуто Оризари, Куманово и Македонски Брод. Реализацијата на донацијата е во тек.

„Горд сум што можам да го најавам овој проект во кој учествуваме заедно со Детската амбасада Меѓаши. Во период кога предизвиците од Ковид кризата се сè поголеми и кога на секој ученик му е потребен гигабајт повеќе, на овој начин сакаме да се осигураме дека и децата на кои им е најпотребна поддршка, да можат непречено да продолжат да ја следат онлајн наставата до крајот на учебната година и да постигнат најдобри успеси и знаења.

Исто така веруваме дека ќе бидеме во можност проектот да го продолжиме и на почетокот на следната учебна година со цел да ги ублажиме последиците од тековната пандемија.” – изјави генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, г-дин Владимир Николиќ.

lajkamobajl-vo-partnerstvo-so-megjashi-i-povekje-opshtini-obezbedi-besplaten-mobilen-internet-za-2-000-uchenici-so-poteshkotii-vo-sledenje-na-onlajn-nastavata002.jpg

„Секоја граѓанска акција која е поддржана од општествено одговорна компанија, како што во овој случај е Лајкамобајл, особено во криза, за време на пандемија кога за жал не може секое дете да оствари квалитетно далечинско учење со брз интернет и основни помагала за следење на истата, е од особена важност. Наша клучна задача е да им помогнеме на ранливите категории семејства, поточно на децата кои немаат пристап до интернет и да им овозможиме еднакви можности за пристап до образованието. Со оваа активност иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите на филантропија, солидарност и емпатија, во време кога тие се неопходни “ – изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.

Оваа донаторска активност Лајкамобајл групата ја спорведува и во останати земји.

lajkamobajl-vo-partnerstvo-so-megjashi-i-povekje-opshtini-obezbedi-besplaten-mobilen-internet-za-2-000-uchenici-so-poteshkotii-vo-sledenje-na-onlajn-nastavata003.jpg

lajkamobajl-vo-partnerstvo-so-megjashi-i-povekje-opshtini-obezbedi-besplaten-mobilen-internet-za-2-000-uchenici-so-poteshkotii-vo-sledenje-na-onlajn-nastavata004.jpg

Лајкамобајл групата е најголемиот светски мобилен виртуелен мрежен оператор, кој нуди брз мобилен интернет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји и четири континенти во светот. Кај нас оваа компанија започна со работа во 2016 година и веќе е препознатлива по понуда која вклучува пакети со мобилни комуникациски услуги со многу поволности достапни по атрaкативни цени, врвен квалитет и без договорни обврски.

За повеќе информации за Лајкамобајл посетете ја страната: www.lycamobile.mk

За повеќе информациии за Детската амбасада Меѓаши посетете ја страната: www.childrensembassy.org.mk

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава